Штрудла со јаболки: Вистински есенски десерт кој ќе го ароматизира вашиот дом

Есента е вистинско време за ароматизирање на вашиот дом од есенските плодови. За таа цел ви претставуваме одличен рецепт на популарниот британски готвач Рик Штајн за штрудла од јаболка.
Слатка и зачинета, оваа штрудла е победник помеѓу бројните десерти од јаболка.


Потребни состојки:
– 750 гр. домашни јаболка, излупени и исецкани
– една и пол лажичка цимет во прав
– половина цеден лимон
– 100 гр. кафеав шеќер
– 75 гр. суво грозје
– 95 гр. путер
– 40 гр. лебни трошки
– шест готови кори за печење
– една лажичка шеќер во прав
Начин на подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 190 Целзиусови степени. Помешајте ги исецканите јаболка со циметот, лимоновиот сок, кафеавиот шеќер и сувото грозје.
2. Во мал сад истопете 20 грама путер и пропржете ги лебните трошки додека не добијат златножолта боја. Потоа, додадете ги во смесата со јаболката.
3. Остатокот од путерот истопете го и со него премачкајте ги корите, така што ќе ги наредите една врз друга. Потоа, ставете ги јаболката на корите и замотајте ги во штрудла. Вовлечете ги краевите навнатре за да одбегнете течење на смесата во текот на печењето.
4. Премачкајте ја штрудлата со остатокот од путерот и ставете ја да се пече.
5. Печете од 40 до 45 минути додека не добие златножолта боја. Потоа, оставете да се излади на собна температура и наросете шеќер во прав.
Штрудлата можете да ја сервирате со сладолед или крем од ванила.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.