Јагнешко со урми и бадеми

Потребни состојки:
-3 лажици маслиново масло
-2 главици црвен кромид
-1,5 лажица куркума
-1 лажица ѓумбир
-2 лажички цимет
-1 кг јагнешко
-250 г суви урми
-1 лажица мед
Дополнително:
-1 лажица маслиново масло
-малку путер
-3 лажици бадеми
-малку сол
-300 г кускус
Начин на подготовка:
Во сад испржете го кромидот додека не добие златно-жолта боја. Во друг сад измешајте ги куркумата, ѓумбирот и циметот, па оваа смеса додадете ја во кромидот и добро измешајте.
Ставете го и месото, да се спои со зачините. Додадете вода колку да го прекрие месото, па оставете да зоврие. Кога ќе зоврие, намалете ја температурата, поклопете и оставете да се вари на умерена температура околу 90 минути.
Урмите исечете ги на четвртини, па со медот додадете ги во садот со месото и измешајте. Поклопете и варете уште 30 минути.
Во тава на маслиново масло кратко попржете ги бадемите додека не добијат златеста боја. Потоа посипете ги врз јагнешкото.
Кускусот сварете го по упатството на пакувањето и послужете го со јагнешкото месо подготвено со урми и бадеми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.