ЈОГУРТНА ПОГАЧА: Мека како душа, мириса толку привлечно – цело соседство ми бараат да пробаат

I РЕЦЕПТ – ЈОГУРТНА ПОГАЧА – Целото соседство ќе мириса прекрасно додека таа се пече, никој не може да и одолее… Погачата е мека како душа и многу е едноставна за правење, особено за младите домаќинки кои немаат многу искуство во кујната.
Потребни состојки: 2 јајца, 1 јогурт во чаша (180-200 мл), 50 г квасец, 200 мл вода, 2 лажички шеќер, 2 лажички сол, брашно по потреба тип 400 меко (околу 700-800 г) и сусам за наросување, 150 г маргарин за мачкање (користев лајт маргарин).
Постапка: квасецот и шеќерот растворете ги во млака вода. Промешајте и оставете 10-тина минути на топло место за да стаса. Може да додадете и малку брашно за полесно да ферментира квасецот.
Во околу 700 г брашно направете вдлабнување, па во него ставете две јајца кои претходно отстојале на собна температура. Потоа додајте го и јогуртот, исто така на собна температура.
Солта наросете ја околу во брашното, додадете го стасаниот квасец, па замесете меко нелепливо тесто, а по потреба додадете уште малку брашно. Тестото оставете го 5 минути да одмори, а потоа развлечете го во голема кора.
Кората треба да биде со правоаголна форма и дебелина од 5 мм. Преку целата површина премачкјате ја кората со омекнат путер. Свиткајте ја кората како ролат, а потоа сечете парчиња со широчина од околу 4-5 см. Редете ги во тркалезен калап или тепсија.
Покријте ја тепсијата со кујнска крпа или најлонска фолија и оставете да стаса за да се удвои. Врз секое ролатче ставете малку маргарин и наросете сусам. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени додека убаво да зарумени. Погачата чувајте ја во сува крпа.


II РЕЦЕПТ – Инстант брза погача со кисело млеко за 5 минути е готова – се топи во уста, а мека е како душа – без квасец. Рецепт и видео презентација на Драгана Михајловиќ од Идеја за креативци “Направи сам” – Инстант брза погача со кисело млеко.
Нема ништо поубаво од тоа кога куќата ќе замириса на врела домашна погача, а уште подобро е кога за нејзиното приготвување нема да изгубите повеќе од 5 минути. Станува збор за погача која се приготвува со кисело млеко кое на тестото му дава прекрасна мекост и беспрекорен вкус. Мека, вкусна и брза погача, која секој може да ја направи.
Потребни состојки: 450 г брашно, 250 г кисело млеко, 1 јајце, 1 кесичка прашок за печиво, 80 мл масло, 1 лажичка сол и малку млеко за премачкување и сусам за наросување.
Постапка: Во подлабок сад измешајте 450 г брашно, една кесичка прашок за печиво и лажичка сол. Потоа додајте 80 мл масло, 250 г кисело млеко (или кефир или грчки јогурт). На крај додајте едно јајце и убаво промешајте. По потреба може да додајте и малку млака вода доколку ви се чини дека тестото е суво.
Промешајте добро со лажица а потоа фатете и со рака за убаво за да измеси тестото. Не е потребно многу да се работи тестото, туку само колку да се изедначат состојките.
Калапот/тепсијата во која ќе се пече погачата, намастете ја со малку масло и наросете ја со малку брашно. Вишокот истресете го. Тестото пренесете го во тепсијата и со раце истапкајте го до ѕидовите на калапот. Одозгора премачкјате ја погачата со малку млеко и наросете ја со малку сусам.
Потоа оставете ја да отстои 10-15 минути, додека се загрева рерната на 200 степени. Ставете ја погачата да се пече во загреаната рерна околу 25 минути додека убаво да зарумени. Проверете со чепкалка дали е печена.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.