четврток, 12 ноември 2026
Најново

Ќе заборавите на бурекот и питата: Рецепт за крцкави ролнички кои се готови за 20-на минути

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Доколку за појадок сакате да јадете нешто домашно, од вашата кујна, тогаш може да го подготвите овој рецепт за помалку од половина час.

Потребни ви се само неколку состојки и малку волја за вкусен оброк.
Освен сирење, овие ролнички може да ги направите со павлака или да додадете спанаќ, месо, компир…

Состојки:

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

  • 1 пакетче кори;
  • 300 грама-сирење или крем сирење;
  • 3 јајца;
  • 1 прашок за печиво;
  • 200 милилитри млеко;
  • 100 милилитри масло;
  • малку сол.

Подготовка:
Во еден сад изматете ги јајцата со малку млеко, масло и прашок за печиво. Во друг сад ставете го сирењето, здробете го, додадете едно јајце и малку сол.
Земете две кори, па намачкајте ги со првата смеса, па на третата кора ставете фил. Замотајте ја кората и распоредете ја во плех.
Тоа направете го со сите кори. Потоа изматете едно јајце со малку млеко и 50 милилитри масло, па со тоа премачкајте ги корите . Исечете ги ролничките на помали парчиња. Може да ги посипете и со малку сусам доколку сакате.
Ставете ги ролничките да се печат на 200 степени Целзиусови околу 20-на минути. Откако ќе ги извадите оставете ги 5 минути да се изладат и уживајте во супервкусниот оброк.

На здравје!

Поврзани вести