Ако сакате месо, тогаш ви препорачуваме вкусни ќофтиња во сос од павлака
Состојки:
За ќофтињата:
500 гр мешано мелено месо
100 гр ориз
јајце
главица кромид
две лажици брашно
малку магдонос
сол, бибер
За сосот:
400 гр павлака за готвење
две главици кромид
лажица брашно
сол, бибер
две или три чаши вода
масло
Во сад се ставаат месото, јајцето, ситно сечканиот кромид, оризот, брашното, зачините и магдоносот и се се меша. Со раце обликувајте ги ќофтињата и малку пропржете ги на масло.
За сосот, пропржете го кромидот, а потоа додадете го брашното, мешајќи да не се формираат грутки и додадете шолја вода. Кога малку ќе зоврие додадете павлака и промешајте да се растопи, па спуштете ги ќофтињата.
Оставете се да се крчка уште пет минути, додадете зачини, па послужете со тестенини.
ЌОФТИЊА ВО КРЕМ СОС ОД ПАВЛАКА! Вкусен ручек за целото семејство






