Ќофтиња од туна

350 г конзервирана туна
50 г мелени бадеми
2 лажици сечкан магдонос
1 лажичка рендана кора од лимон
1 лажица сок од лимон
2 лажици рендан црвен кромид
2 исечкани млади лукчиња
1 1/2 лажичка сенф
1 јајце
маслиново масло, сол и мелен црн пипер
Исцедете ја туната од маслото, ставете ја во сад и иситнете ја со виљушка. Додадете ги бадемите,  магдоносот, сокот и кората од лимонот, кромидот, лукот, сенфот и јајцето. Посолете, наросете црн пипер и промешајте.
Од смесата формирајте ќофтиња и оставете ги да отстојат 20 минути во фрижидер.
Потоа испржете ги на загреано маслиново масло.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.