Реакција на ОК ВМРО-ДПМНЕ на пресот на СДСМ

Соопштение од Прес конференцијата на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола, како реакција на пресот на СДСМ во Битола Повторувањето на вашите пресови нема да ја ублажи катастрофата предизвикана од Вашето работење: 200.000 отпуштени работници, затворање на 684 фабрики и рекордна невработеност од 38% .
По затворањето на битолските Фринко, Кожара, Свилара, Жито Битола, Битолатекс, Лимената и многу други, никој во Битола повеќе не верува  на вашите ветувања и префлања на вина.
Вашето душегрижништво и користење на било каква прилика за собирање на поени не оставаат голем впечаток кај граѓаните. Она што се гледа од вашите пресови е огромната желба за власт по секоја цена. Сакате власт а бегате од избори, бегате од гласот на граѓаните!
СДСМ не нуди решение за ништо. Едноставно сте надворешни набљудувачи секогаш подготвени за гола критика и манипулација на јавноста.
Почитувани опозиционери, користењето на работата на РЕК Битола за дневно политички поени и не Ви било паметен потег.
Но ние работиме!
Вложувањто на оваа власт во РЕК Битола е големо и значајно. Реализирани се повеќе инвестициони вложувања, како што е модернизацијата на турбо-агрегатите и ревитализација на ТЕЦ Битола за намлување емитување на сулфур диоксид, направен е  проект за топлификација на Битола, Новаци и Могила, нешто за што СДСМ ниту размислуваше, па немаше изработено ниту проектна документација. 
Проектот за топлификјација е реалност и интензивно се работи на негово имплементирање. Ова се вистинските решенија со кои се решаваат вистинските проблеми. Со работа. Тоа е односот на ВМРО ДПМНЕ кон нашата земја и тоа граѓаните го препознааваат и потврдуваат на 9 последователни изборни циклуси
Изјави: Маркоска Валентина – портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ БитолаПовторувањето на вашите пресови нема да ја ублажи катастрофата предизвикана од Вашето работење: 200.000 отпуштени работници, затворање на 684 фабри

Пронајдете не на следниве мрежи: