13.000 денари за секој кој што ќе се вработи преку „Прва шанса“!ЈAВЕН ПОВИК
До невработени лица за ваботување со субвенционирање
Се повикуваат сите невработени лица со завршено високо образование до 29 годишна возраст, во студиската година 2012-2013, а кои своето вработување сакаат да го решат преку оваа активна мерка, да се пријават во работните клубови на центрите за вработување на АВРМ, каде редовно се евидентираат како невработени лица (активни баратели на работа).
– Субвенционирањето на вработување ќе се врши по моделот 3+6, кој предвидува 3 месеци субвенционирано вработување со полно работно време и 6 месеци обврска на работодавачите да го задржи на работа или на негово место да вработи друго невработено лице од евиденцијата на невработени лица на АВРМ.
– Приоритет ќе имаат невработените лица (активни баратели на работа) кои завршиле практична настава кај соодветниот работодавач.
– Финансиската поддршка за вработување на лица со завршено високо образование до 29-годишна возраст, во студиската година 2012-2013, предвиден за исплата на бруто плата (13.000,00 денари) ќе се исплати по добивање на документ од работодавачот дека истиот исплатил плата најмалку во висина на субвенцијата.
Повеќе на следниот ЛИНКЈAВЕН ПОВИК
До невработени лица за ваботување со субвенционирање
Се повикуваат сите невработени лица со завршено вис
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.