Претседателот на Фондацијата Македонија, Виктор Стојанов, кој е на црната листа и има забрана за влез во Македонија на Фејсбук понуди 200 евра во Фејсбук пост за оној кој ќе го открие името и презимето на еден од полицаецот кој вчера ги приведе напаѓачите на граничниот премин Деве Баир.
Иако не е потенцирано што ќе прави кога ќе го дознае идентитетот на полицаецот, ова може да се третира како сериозна закана за полицаецот и државата има обврска да реагира до Бугарија.
