четврток, 12 ноември 2026
Најново

3 состојки, 2 минути работа и имате прекрасни колачи за слава: Рецепт за домашно тоблероне кое се топи во уста

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Кога станува збор за ситните колачи за славската трпеза, важно е да бидат и вкусни и декоративни, а со овие чоколадни триаголници нема грешка.

Слатките за на слава вообичаено се разновидни ситни колачи кои се многу практични и за сервирање, а изгледаат и прекрасно на масата, а најпопуларни се домашните бајадери, ванилици, бомбици…

Меѓутоа, доколку сакате да пробате нешто ново годинава, задолжително изненадете ги вашите гости со домашно тоблероне кое се прави со мед и ги милува непцата со неговиот интензивен вкус.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Состојки:

  • 250 грама чоколадо за готвење;
  • 100 грама мед;
  • 80 грама бадеми (може да користите 40 грама јаткасти плодови, 40 грама мелени бисквити).

Подготовка:

Стопете го чоколадото во тенџере, па помешајте го со медот и мешајте постојано на тивок оган уште половина минута.

Потоа додадете ги исечканите бадеми (или јаткастите плодови), па добро помешајте.

Ставете ја смесата во калап, па оставете ја во фрижидер обложена со фолија.

Во текот на утрешниот ден исечете го колачот.

На здравје!

Поврзани вести