Сомнително:На македонец платата му стигнала до први!

Loading...

Деновиве е забелажан феномен не сретнат во поновата историја на Македонија.Имено лице со иницијали Ж.Т вработен како продавач, им соопштил на своите блиски дека на 1 октомври имал уште 500 денари останати од претходната плата. Оваа изјава кај неговата сопруга А.Т предизвикала изливи од типот на “Лопов, Издаицо Ѓубре, Коцкар!

Алудирајки на податокот дека најверојатно нејзиниот сопруг Ж.Т или ја поткрадува државата или затајува данок или пак се калдел и добил на мечот Шкендија -Вардар. “Неговата ќерка пак ги покрила очите и низ солзи му рекла: 

“Се срамам од тебе. Ти повеќе не си ми татко.“ “Комшиите кои биле сведоци на овој настан бидејќи се случил во дворот на неговта барака во Тафталиџе, вознемирено зборуваат дека навистина не знаат што се случило и потврдуваат дека Ж.Т од секогаш важел за мирен тивок и човек кој живеел исто како и останатите, редовно живуркајки во последните денови од месецот, и дека навистина им е тешко што ваква трагедија им се случила токму на нивните соседи.

Целата вест на:

 https://news.vrabotuvanje.com.mk/mk/articles/nevesti/somnitelnona-makedonec-platata-mu-stignala-do-prvi

loading...
Loading...