Докузовски и Војдан ги дознаа противниците во Еврокупот

 

Македонските репрезенти во кошаркарскиот Еврокуп, тренерот Марин Докузовски и репрезентативецот Војдан Стојановски, ги дознаа имињата на противниците, против кои со своите тимови ќе играат во првата фаза.

Поранешниот селектор на репрезентацијата, Докузовски тренер на Лукоил Академик, ќе се натпреварува во Б групата заедно со екипите на Билбао, Шарлроа и Будуќност. 

Војдан кој го носи дресот на Доњецк ќе игра во Е групата заедно со екипите на Галатасарј, Проком и Локомотив Кубан.  

Група А: Нимбурк, Хапоел Ерусалим, Будивелник, Приенаи
Група Б: Билбао, Будуќност, Шарлроа, Лукоил
Група Ц: Ле Ман, Триумф, Рига, Артланд Драгонс
Група Д: Валенсија, Банвит, Азомваш, Вирцбург
Група Е: Галатасарај, Локомотив Кубан, Доњецк, Проком
Група Ф: Уникс, Паниониос, Остенде, Стелмет
Група Г: Спартак Санкт Петербург, Цибона, Шоле, Улм
Група Х: Кахасол, Динамо Сасари, Црвена звезда, Орлеан

Првите две екипи од секоја група, по завршувањето на првата фаза, ќе изборат учество во Топ 16 во Еврокупот.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: