Чапин го засили Раднички, ќе дебитира против МЗТ

 

Кошаркарскиот клуб Раднички од Крагуевац, до крајот на тековната сезона, го ангажираше искусниот плејмејкер, Александар Чапин.

Овој 30-годишен кошаркар ја има поминато младинската школа на Партизан, а во кариерата има настапувано за Крка, Телеком Бон, Гравелин, Панелиниос, Реџо Калабрија, Варезе, Паниониос, Азомваш, локомотива, Жалгирис, Олимпија, Турк Телеком. 

Чапин има пасоши на Словенија и Србија, со репрезентацијата на Словенија има учествувано на Европските првенства во 2005 и 2007 година. 

Чапин за Раднички ќе дебитира на натпреварот против МЗТ кој во сабота ќе се одигра во Скопје. 

Екипата од Крагуевац во првите три кола нема забележано ниту една победа во АБА лигата, додека МЗТ има скор од две победи (Цибона и Широки) и пораз (Будуќност).

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: