Нобеловата награда за книжевност за Кинезот Мо Јан

Нобеловата награда за книжевност за 2012 година му е доделена на кинескиот книжевник Мо Јан, објави во четвртокот постојаниот секретар Шведската академија, Петер Енглунд.

Кинескиот книжевник Мо Јан во своите дела „со халуцинаторен реализам ги поврзува народните приказни и сегашноста“, се наведува во образложението на комитетот за доделување на Нобеловата награда за книжевност.

Мо Јан инаку е псевдоним за 57-годишниот кинески прозаист што значи „замолчи“. Неговото вистинско име е Гуан Мое. Неговите дела се преведени на многу светски јазици, но најпознат во светот стана по неговиот роман по кој беше снимен филмот „Црвениот каолианг“ на режисерот Чан Имоу.

Нобеловата награда за книжевност ја доделува Шведската академија чијшто комитет брои осум членови коишто таа почест ја задржуваат доживотно. Меѓу сегашните членови познати како Де Адертон (Осумнаесетмината), се наоѓаа истакнати шведски книжевници, професори по книжевност, историчари и реномирани правници.

На добитникот на Нобеловата награда за книжевност му следуваат парична награда, диплома и медал. Годинава паричната награда изнесува 8 милиони шведски круни или околу 1,2 милиони американски долари.

Медалот којшто го добива добитникот на наградата за книжевност е дизајниран од шведскиот вајар Ерик Линдберг, а претставува момче коешто седи под стебло од ловор и ја слуша и ги запишува песнанта на музите. На медалите, исто така, се изгравирани и стихови од поемата „Енеида“ на староримскиот  поет Вергилиј „Inventas vitam juvat excoluisse per artes“ односно „оние кои со своето знаење го направија подобар животот на земјата“

Церемонијата на доделување на признанието според традицијата ќе се одржи во шведската престолнина Стокхолм на 10-ти декември, на денот кога починал основачот на Нобеловата награда, шведскиот претприемач и пронаоѓач Алфред Нобел, кој живеел од 1833 до 1896 година.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии: 

Нобелова награда 2012

Почнува објавувањето на имињата на лауреатите за Нобел

Пронајдете не на следниве мрежи: