Фаворитите за Нобеловата награда за мир

Loading...

Активистот за човекови права од Белорусија Алес Белјацкиј од Русија Људмила Алексиева, мексиканскиот бускуп Хозе Раул Вера Лопез и Европската унија се фаворити за годинешнава Нобелова награда за мир којашто ќе биде доделена во петок, јави норвешката државна телевизија.

Добитникот на годинешната Нобелова награда за мир ќе биде објавен во норвешката престолнина Осло во петок во 10 часот по средноевропско време односно 11 часот по македонско време.

Пред доделувањето телевизијата NRK јави повикувајќи се на свои извори дека наградата на Нобел за мир за 2012 година ќе му биде доделена на еден кандидат, откако минатата година ја поделија либериската претседателка Елен Џонсон Сирлеаф, либериската мировна активистка Лејмах Гбови и јеменската новинарка и активистка Тавакол Карман.

„Можеби претседателот на Комитетот за доделување на Нобеловата награда, Торбјорн Јагланд и Комитетот оваа година сакаат да се свртиме кон истокот“, се додава во информацијата на инаку добро информираната норвешка државна телевизија.

Наградата така, може да му припадне на Белјацкиј, втемелувачот на центарот за одбран ана човековите права Вајисина, кој е во затвор во Белорусија по политичкиот процес а според властите во Минск поради неплаќање на казни, кој е предлог на полски и норвешки пратеници, или на Алексеева којашто повеќе од половина век се брои за човековите права во поранешниот Советски сојуз и во Русија.

Шведската новинска агенција ТТ во врска со ваквите прогнози потсетува дека кандидати од источна Европа не биле награден од почетокот на 1990-те години, Притоа во ТТ не сметаат дека наградата ќе ја добие ниеден од десетината кандидати од Русија, туку нивен фаворит е Бејлацкиј.

Шведските и норвешките медиуми, коментирајќи ги шпекулациите и предвидувањата за оваа година, напомнуваат дека треба да се обрне внимание на фактот дека на листата на кандидатите во 2012 година доминираат кандидатури од поранешниот СССР.

NRK наведува дека Нобеловата награда за мир може да му биде доделена и на мексиканскиот бискуп Лопез, заштитник и бранител на најранливите во крвавите судири меѓу наркокартелите и армијата во Мексико.

Според телевизијата најмногу би изненадило доколку Комитетот би се одлучил наградата да ѝ ја додели на Европската унија, организација којашто се наоѓа во тешка криза и на која Норвешка двапати одби да ѝ се приклучи, по референдумите од 1972 и 1994 година.

На листата претенденти за Нобелова награда за мир во 2012 година има 231 кандидат, вклучувајќи и 43 општествени невладини и меѓународни организации. Овие бројки ги објави на крајот од февруари на Норвешкиот нобелов комитет, без да ги соопшти имињата на кандидатите. Во 2011 година за наградата се бореа 241 кандидат.

Крајниот рок за номинација за наградата и поднесување релевантни документи на до Норвешкиот нобелов комитет во Осло секоја година е 1-ви февруари.

Гласањето за добитникот или добитниците на наградата, според традицијата, по консултациите со експертите, се одвива во почетокот на октомври.

Директор на Норвешкиот институт за мировни студии PRIO, Кристијан Берг Харпвикен, на својата интернет страница размислувајќи за можниот победник, вели дека членовите на Нобеловиот комитет може да ги земат предвид оваа година активистите и застапниците за ненасилни протести. Според него, омилен фаворит оваа година е активистката од САД, Џин Шарп, родена 1928 година, којашто се смета за создавач на клучните принципи и стратегии на ненасилниот отпор.

Сепак, Харпвикен не исклучува ниту можност наградата да биде доделена на српската организација „Отпор!” или на меѓународниот центар за применета ненасилна акција и стратегии CANVAS, или да му биде посветено внимание на протестот на монасите и да биде наградена „Себурманската алијанса на монасите“ АBМА.

Во второ и трето место, по Шарп, на кусиот список на норвешкиот експерт се и рускиот центар „Меморијал“ и руската активистка за човекови права Светлана Ганушкина, а по нив следат радиото „Ехото на Москва“ и неговиот главен уредник Алексеј Венедиктов.

Повикувајќи се на информациите во медиумите, норвешкиот аналитичар забележува дека меѓу победниците може да биде панарапската телевизиска компанија Al Jazeera. Како еден од посериозните претенденти за престижната награда, Харпвикен смета дека се и руската „Новаја газета“ и основачот на разоткривачкиот интернет ресурс WikiLeaks, Австралиецот Џулијан Асанж.

На четвртото место на краток список на Харпвикен се кандидатите од Нигерија, архиепископот Џон Онаијекан и султанот Сокот Мухамед Саад Абубакар, коишто може да ја добијат Нобеловата награда за мир за нивниот придонес во спречувањето на појавата на насилство меѓу христијанските и муслиманските заедници.

Петорката фаворити за наградата на норвешкиот политиколог завршува со претседателот на Мјанмар, Тејин Сејин.

Списокот на можни добитници на Нобелот за мир на букмејкерската компанија „Unibet“ ја предводи Меги Гобран, којашто ја викаат и „мајка Тереза“ на сиромашните деца од Египет, а по неа се авторката на книги за „ненасилна борба против диктатурата“, Џин Шарп, кубанскиот активист за човекови права Оскар Елијас Бискет Гонзалес, д-р Денис Муквеге од Демократска Република Конго, кој има многу сторено за жртвите на сексуално насилство. Оваа петорка завршува со Светлана Ганушкина од рускиот Центар за човекови права „Меморијал“.

Некои набљудувачи за можните добитници на Нобеловата награда за мир оваа година го сметаат американскиот војник Бредли Менинг, кој тајно му предаде на порталот WikiLeaks стотици илјади доверливи документи на американската дипломатија. Тој во моментов во притвор го очекува започнувањето на судскиот процес против него.

Меѓу другите кандидати е и авганистанската активистка за човекови права Симу Самар, која се бори за човековите права и правата на жените, поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко, кој е во затвор под обвинение за злоупотреба на власта при потпишувањето на договорите за купување гас од Русија, а ја очекуваат и други обвиненија.

Меѓу кандидираните е и претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбаев. Него го предложи лидерот на норвешката невладина организација „Bike for Рeace“, Торе Наерланд, затоа што Назарбаев го исчистил од нуклеарното оружје Казахстан, а оваа иницијатива беше поддржана и од страна на јапонските парламентарци. Дипломатската академија на Киргистан ја номинираше за Нобеловата награда за мир во 2012 година поранешната претседателка на Киргистан, Роза Отунбаева, лидер на тамошната револуција.

Исто така, меѓу номинираните се и поранешниот германски канцелар Хелмут Кол и поранешниот американски претседател Бил Клинтон, како и Европската унија.

Макфакс

loading...
Loading...