Евролига: Победи за Антиќ и Мекејлеб, порази за Самарџиски и Илиевски

Loading...

Екипите на Олимпијакос и Фенербахче, за кои настапуваат Перо Антиќ и Лестер Бо Мекејлеб со победи стартуваа во новата сезона во Евролигата.

За разлика од Антиќ и Мекејлеб, порази забележаа Предраг Самарџиски и Владо Илиевски, кошаркарите на Лијетувас Ритас, односно Цедевита. 

Олимпијакос со Перо Антиќ во тимот со победа над Каха Лаборал од 85:81 ја започна одбраната на шампионската титула во Евролигата. Антиќ на овој меч одигра 20 минути и зад своето име запиша девет поени и три скока. 

Фенербахче Улкер во првото коло го совлада рускиот преставник Химки со 92:80, Мекејлеб за 26 минути минати на теренот имаше учинок од 17 поени, четири асистенции и два скока. 

Лијетувас Ритас на Самарџиски, запиша минимален пораз кај фаворизираната ЦСКА, во Москва литванскиот тим е поразен со 75:73. Репрезентативниот центар за 23 минути имаше учинок од пет поени и исто толку скокови. 

Илиевски со Цедевита доживеаја вистинска катастрофа во Каунас кај Жалгирис, хрватскиот тим кој дебитира во Евролигата, загуби со 62:90. Поранешниот репрезентативец на Македонија одигра 22 минути, период во кој постигна осум поени. 

Група А:
Фенербахче-Химки 92:80
Канту-Олимпија 71:84

Група Б:
Шалон-Проком 81:74
Уникаха-Макаби 80:85

Група Ц:
Жалгирис-Цедевита 90:62
Олимпијакос-Каха Лаборал 85:81

Група Д:
ЦСКА-Лијетувас Ритас 75:73

Петок, 12. октомври

Група А:
Реал-Панатинаикос

Група Б: 
Монтепаски-Алба

Група Ц:
Армани-Анадолу Ефес

Група Д:
Барселона-Бамберг
Бешикташ-Партизан.

 

Макфакс

loading...
Loading...