четврток, 12 ноември 2026
Најново

„Моби Дик“ и Google Doodle

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Продолжувајќи го трендот на означување на битни годишнини, празници или личности, пребарувачот Google со симпатична илустрација ја одбележа и 161-та годишнина од првото издание на најпознатиот роман на Херман Мелвил, „Моби Дик“.

“Моби Дик“ или „Китот“ е едно од најпознатите дела на Мелвил и често е сметано и за едно од најдобрите книжевни дела на сите времиња. Посветено е на пријателот на Мелвил, Натаниел Хоторн. Трите илјади копии од првото издание не биле продадени за време на неговиот живот, а целосната заработка од американската верзија изнесувала само 556.37 долари.

Мелвил ги напишал и „Били Бад“, „Израел Потер“, „Редбурн“, „Тајпи“, „Ому“, „Пјер“, „Човекот од доверба“ и многу раскази вклучувајќи ги „Бартелби, писарот: приказна од Вол Стрит“ и „Бенито Серено“.

Поврзани вести