АБА лига, МЗТ гостува во Сплит

 

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, во сабота, ќе го одиграа натпреварот од петтото коло во регионалната АБА лига.

МЗТ во Сплит ќе и гостува на истоимената екипа, која во двете средби кои ги одигра на домашен терен забележа победи над фаворизираните Црвена звезда односно Цедевита. Сплит исто како и МЗТ по четири рунди во АБА лигата има скор од две победи и исто толку порази. 

Колото во јадранската конкуренција, во петок ќе го отворат Црвена звезда и Игокеа, единствената непоразена екипа во лигата. Дерби на петтото коло ќе биде пресметката во Љубљана помеѓу Олимпија и Цедевита. Комплетни двојки:

Петок, 19. октомври:
20:00 Црвена звезда-Игокеа

Сабота, 20. октомври:
17:00 Раднички-Солнок
20:30 Сплит-МЗТ

Недела, 21.октомври:
17:00 Цибона-Задар
18:00 Широки-Крка
20:00 Будуќност-Партизан

Понеделник, 21. октомври:
20:30 Олимпија-Цедевита

Табела: Игокеа 4/0, Цедевита, партизан, Олимпија, Крка 3/1, Будуќност, МЗТ, Сплит 2/2, Црвена звезда, Задар, Цибона, Широки, Раднички и Солнок 1/3. 

 

Макфакс

извор: макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: