Пабло Неруда – Творецот на најтажните љубовни стихови

Добитник на ''Златниот венец'' на Струшките вечери на поезијата за 1972 година. Рикардо Елиесер Нефтали Рејес Басалто или на нас подобро познатиот Пабло Неруда, е еден од најголемите и највлијателни поети кои имаат оставено свој посебен и длабок белег на полето од литературата. 
Роден е на 12 јули, 1904 година во Парал, Чиле. Како и сите поети така и Неруда е дел од оние кои своето детство го поминуваат на исклучително тежок начин, детство исполнето со беда, сиромаштија, и несреќи.
Своето образование го завршува на Универзитетот во Сантијаго де Чиле на француски јазик, каде и донесува одлука целосно да и се посвети на поезијата, притоа првите песни пишувајќи  и посветувајќи ги за сиромаштијата и бедата. 
Покрај љубовта кон литературата, животот на Неруда е и една понаква приказна, приказна со насока кон политиката. Тој е дел од разни политички собири, носител на Лениновата награда, како и интернационалната награда за Мир.
Поезијата на Неруда може да кажеме дека е збир на неколку различни стилови и мотиви, започнувајќи од еротски љубовни песни, па се до историски епови, политички манифести како и надреалистични поеми. Добитник e на Нобеловата награда за литература во 1971, човек кој од страна на колумбискиот романсиер Габриел Гарсија Маркез достојно го понесува епитетот за ''најголемиот поет на 20-тиот век на било кој јазик''.
Својот живот го завршува губејќи ја битката со ракот на 23 септември 1973 година.
Прочитајте и уживајте со дел од најубавите стихови на незаменливиот Пабло Неруда.
Вечерва би можел да ги напишам најтажните стихови.
Да напишам, на пример: „Ноќта е ѕвездена,  и треперат модрите ѕвезди во далечината“. Ноќниот ветер кружи по небото и пее. Вечерва би можел да ги напишам најтажните стихови. Ја сакав, а понекогаш и таа мене ме сакаше. Во ноќите како што е оваа таа беше во мојата прегратка.  Колку пати ја бакнував под бесконечното небо. Ме сакаше, а понекогаш и јас ја сакав. Како да не ги сакам нејзините големи неподвижни очи. Вечерва би можел да ги напишам најтажните стихови. Да мислам дека ја нема. Да чувствувам дека сум ја загубил. Да ја слушам бесконечната ноќ, многу побесконечна без неа. А стихот паѓа врз душата како роса врз пасиштето. Што е важно дека мојата љубов не можеше да ја сочува. Ноќта е ѕвездена, таа не е со мене.  Тоа е се. Во далечината некој пее. Во далечината. Мојата душа е незадоволна што ја загубила. Мојот поглед ја бара како да сака да ја доближи.  Срцето мое ја бара, а таа не е со мене. Истата ноќ ги облекува во бело истите стебла. А ние од вчера, ние не сме повеќе истите. Повеќе не ја сакам, сигурно, но колку ја сакав. Мојот глас го бараше ветерот за да и го допре увото. На друг. Ќе припадне на друг. Како и пред моите бакнежи. Нејзиниот глас, нејзиното јасно тело. Нејзините бесконечни очи. Повеќе не ја сакам, сигурно, но можеби сепак ја сакам. Љубовта е толку кратка, а заборавот толку долг. Зашто во ноќите како што е оваа ја држев во својата прегратка,  мојата душа е незадоволна што ја загубила. Макар што ова е последната болка што таа ми ја причинува, и овие стихови последни што за неа ги пишувам.
Погледнете ги следниве статии
Изложба „Мајка Тереза – икона на милосрдието“ во Рим
Бернардо Бертолучи награден за животно дело
Google doodle во чест на Иво Андриќ
 
 

Пронајдете не на следниве мрежи: