четврток, 12 ноември 2026
Најново

5 фантастични начини како да го искористите калапот за мафини

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Калапите за мафини не служат само за печење на вашите омилени слатки.Тие можат да бидат корисни и за други работи, а во продолжение погледнете неколку начини како можете да ги користите и пронајдете инспирација да ги израдувате вашите најмили. 
1. Во калапите, ставете парчиња ананас, а врз нив ставете вишни. Потоа прелијте го овошјето со смеса за мафини. Кога ќе се испечат, превртете ги наопаку и украсете со сос, шлаг или чоколадо по желба.
2. Во подмачканиот калап, ставете јајца, посолете ги и наросете бибер, а потоа печете 15 минути. Со тоа ќе добиете јајца на око кои се припремени на најздрав начин и кои можете да ги ставите врз вкусен сендвич со свеж зеленчук.
3. Во калапите, ставете половина кришка лимон и лимета и прелијте ги со вода. Кога ќе се замрзнат ќе добиете освежувачки “ледени мафини”.
 
4. Доколку ви преостанал сос од шпагети, ставете го во калапите и замрзнете го за некоја следна прилика. Сè што е доволно е само да го ставите во загреана тава и да го помешате со тестенини.
5. Обложете ги калапите со тесто од надворешната страна, со цел да добиете корпички. Потоа, испечете ги и наполнете ги со сладолед. Украсете по желба.
 Тие можат да бидат корисни и за други работи, а во продолжение погледнете неколку начини како можете да ги користите и пронајдете инспирација да ги

Поврзани вести