6 практични нешта што треба да се прават секојдневно за полесно справување со депресијата

Кога си задавате мали задачи што треба да ги извршите во текот на денот, тој автоматски е поисполнет и со повеќе смисла. Наједноставната работа што треба да ја прават сите луѓе се извршува веднаш неколку минути после будењето. Самата помисла дека сте исполниле една задача уште во првиот час од вашето будење ви дава самодоверба и чувство на задоволство од исполнување на толку едноставна и лесна цел. Но, кога некој страда од депресија дури и најосновните домашни обврски може да се чинат невозможни за изведување. Поради тоа, ние ви нудиме практични нешта кои ќе помогнат полесно да се справите со депресијата.


1. Наместете го креветот
Звучи банално толку мало нешто како местењето на креветот да има какво било влијание врз справувањето со депресија. Но, овие мали нешта можат да направат голема разлика во менталната состојба. Првото нешто што треба да го направите наутро е да го наместите креветот. Не само што изгледа чисто и уредно туку ви дава чувство на постигнување поради фактот дека сте ја извршиле првата задача од денот. Кога ќе го започнете денот со вакво мало постигнување ќе бидете поттикнати да направите повеќе. Бидејќи на депресивните луѓе тешко им е да се тушираат и да си подготват јадење, самото местење на креветот ќе ги охрабри да ги прават сите неопходни работи за себе.
2. Практикувајте дневна рутина за нега на кожа
Кожата поднесува многу бидејќи на нејзе ги „носиме“ емоциите на нашите лица. Соочувањето со стрес во секојдневието може да предизвика акни. Недостатокот на одмор има влијание врз имуниот систем и ја намалува хидратацијата на нашата кожа. Големата изложеност на сонце исто така може да ја влоши состојбата на кожата. Премалку сон исто така негативно влијае врз нејзе. Затоа е многу важно да се практикува регуларна, секојдневна рутина за нега на кожа и тоа двапати на ден. Искористете го тоа време за да бидете целосно присутни во тоа што го правите.


3. Пијте многу вода
Кога некој е депресивен многу е лесно да заборави да се хидрира. Чаша вода може да даде дополнителна енергија во текот на денот. Кога се појавува чувство на безживотност и умор, човекот треба да се напие вода. Можеби не се чувствува во истиот момент, но пиењето вода во доволни количини може да го зголеми нивото на енергија. Дехидрацијата се случува кога не се внесуваат доволно течности, а таа го влошува чувството на безживотност – ненамерно, ако се земе предвид фактот дека луѓето можат да издржат само 3-4 дена без вода. Совет: носете шише со вода секаде каде што одите!
4. Имајте исполнувачки моменти
Ништо не звучи како уживање кога некој е депресивен, особено за време на главната епизода, но мора да се принудите да уживате, барем за кратко. Може да биде што било, во зависност што сте навикнале да правите. Читање книги, пиење омилен чај во омилената шолја, гледање филм. Барем за момент. Не смеете да се чувствувате виновни и уживајте додека трае.
5. Чистете
Знаеме дека ова не е првото нешто што би ви паднало на памет, но може да помогне за подобро чувство кога домот ќе биде чист и нема да биде потребно да се мијат садови вечерта. Подобро е да се започне порано за да може да се ужива во чистиот простор подоцна во денот. И под чистење не се мисли само на бришење на очигледните валкани садови и алишта за перење туку и делови кои изгледаат заборавени. Треба редовно да се менуваат јорганите и навлаките за перница. Кога ќе се почувствува мирисот на постелнината што била свежо испрана, вреди спиењето на нејзе.
6. Разговарајте со некого на кој можете да му верувате
Лесно е човек да се почувствува осамено и да чува во себе наместо да разговара. Лесно е да се заборави дека постојат луѓе што се грижат за некого и многу е полесно кога ќе можете да разговарате за сè со некој во кого имате доверба. Како да се симнува некој товар од рамената и се јавува мислата дека не сте изгубен случај во овој свет. Потребна е храброст за да го направите подобар секој ден, без оглед колку е тоа тешко.

Loading...