Еколошката организација Greenpeace пронашла опасни хемикалии во облеката на познатите модни брендови како што се Zara, Levi's и Calvin Klein. Тестирањата покажале дека производите на Zara содржат хемикалии и бои кои предизвикуваат хормонални нарушувања и содржат канцерогени материи.
Greenpeace ја тестирал облеката на 20 познати светски модни брендови кои се продаваат во 29 земји, а кај секој од производителите пронашле барем неколку опасни примероци.
“Само Zara произведува 850 милиони парчиња облека годишно. Можете да замислите колкав отровен траг има оставено на оваа планета, посебно во земјите во развој како што е Кина, каде се изработуваат бројни производи на оваа компанија.” – изјавил Li Yifang, претставник на Greenpeace за Азија.
Во две третини од тестираните приероци се пронајдени и nonifenol-етоксилати кои поради својата штетност се забранети во Европската Унија, но нивното производство и употреба во Кина и други земји не е регулирана.
Greenpeace денес организира протест пред бутиците на Zara во Будимпешта.
Извор: dnevnik.hr
Пронајдете не на следниве мрежи: