Фото: Пандев уапсен на аеродром во Рим по потерница од ФФМ

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев бил уапсен на аеродромот во Рим каде што заедно со своите соиграчи од Наполи пристигна да го одигра утрешното дерби против Рома.Нему му било речено од полицијата дека за него е распишана меѓународна потерница од ФФМ веднаш откако објави дека нема веќе да игра за репрезентацијата. ФФМ очекува полицијата да го врати во репрезентацијата за да може да биде виновен и за следните порази на Македонија, а не вината да се припишува на ФФМ. 

 

 – Ни се допадна веднаш идејата Пандев да биде крив за се. Тој е капитен, тој е одговорен. Наше како федерација е да им ги овозможиме на репрезентативците сите предуслови за да се тепаат меѓу себе и да се делат на кланови и ние таа наша задача беспрекорно ја завршивме. Но, и фудбалерите треба да го завршат својот дел од работата, а не да бегаат од одговорност. Немаме намера да го пуштиме Пандев да си оди од националниот тим и затоа распишавме за него меѓународна потерница – изјави Илчо Георгиевски, претседател на ФФМ.
Процедурата за екстрадиција на Пандев во репрезентацијата на Македонија е веќе почната и се очекува во рок од 40 дена тој да пристигне во земјава. ФФМ како знак на добра волја е подготвена и годинава да му го фалсификува гласањето за најдобар тренер и најдобар играч во организацијана ФИФА.
Извор: Коза Ностра
 Нему му било речено од полицијата дека за него е распишана меѓународна потерница од ФФМ веднаш откако објави дека нема веќе да игра за репрезе

Пронајдете не на следниве мрежи: