Охридска несреќа!

Кога немат работа во својот град, ќе бараш онаму к’ј што не те берит. Така и во мојот случај…По струка сум инжињер ама немаше таква работа во Охрид и решив да си работам приватно. 3 години праев фасади до денот кога дојде газдата и ми рече “ој си дома, немат појќе фасади за тебе“ Дремев цели 3 месеци дома, секој ден коси кубавме со женишчено. Сега работам во Скопје, на новине кули во Аеродром. Кревам цигли, мешам цименто по цел ден работам како вол. Кога ме прашвет во Охрид што работам му велам дека по струка работам на кулине. Демек цртам нови згради таму а уствари само цртам на ливче за спортска.
Така после 4 недели поминати во Скопјено грдо решив да ја изненадам женана. Не и се јавив 3 дена, ама ни та не ми се јави мене, можда немала кредит. Ама така појќе ќе ја изненадам.
Тргнав со Галеб со првион автобус од сабајле накај Охрид, пред Стража му се дупна гумата, ама то е то, не  е опасно. Закаснав 4 сати, ама кога стигнав купив букет цвеќа. Ојдов дома, влегвам в’натре, ама од женана ни “Ж“, викав, викав, ама не се одзвиваше. Звонев на телефон ама недостапна беше.
Ете ја комшивката, стара баба ама катиљ женишче.
– “Дојде море?“
– “Дојдов мори“
– “леле бе Васко, те жалам, туф туф што ти напрај она брливана“
– “што е мори, што зборвиш?“
– “леле бе златен незнајш? Ам твојана спакувала куфери засношти и си заминала к’ј мајкаи и таткои!“
– “што зборвиш мори?“
– “жими очи бе Васе“
Ко ме фати една внатрешна жештина, незнам од к’ј ми текна, ама ги побарав албумите од свадбата и почнав да ги кинам, сетне ја пуштив лентата од свадбата и со си телевизор ги изфрлив низ пенџера.
Решив вечер да се опијанам и утре да ја побарам да ја операм, та смрдена така да ми напрајт? Се јавив на другарми Игор, на него дизната секогаш му е отворена за локање, се договоривме к’ј ресторанот Фонтана да се најме.
Онде к’ј минимаркет сум поминам на црвено и ко од ведро небо падна цајкан пред мене.
– “к’ј се брзаш бе ти“ ми велит
– “молимте не чепкај ме, нервозен сум“
– “абе казна ти пишам, 50 евра, 50 разбра!“
– “ак сакаш и 200 пиши ми, ебате глуп еден, најде мене да ме ебаваш овде“
– “море, го гледаш пендраков, че те акнам море“
– “ооо Велгоштански цајкан а? акај кај сакаш брату, женана ми избега, ак сакаш опери ме на лице место“
Му е кажав целата приказна и ме свати чоекот, ме пушти без казна…
Во Фонтана џумбус, се напрај тутурутка, незнам колку пари остадов по свирачите, ама секоја песна в’срце ме гаѓаше.
Таму не ни беше доволно локањето, ојдовме во Еспана и таму до сабајле сите пари ги остадов на певалката. Имаше една од источна Македонија со расипани заби, и дадов 1000 денари и и реков да ојт на забар да си ги напрајт забите од мојот бакшиш. Без пари и со глата бутин ојдов дома.
Другото утро ме разбуди гласот на женами, сум заспал на подот… глава ми чадеше, ама станав да одам да и кажам многу убо што мислам за неа
– “абе што бараш ти овде бе?“ ми рече та
– “сега многу убо ќе видиш што барам овде море, смрдена една“ и реков
– “што ти е бе чоек, корниш на алкохол, и што се албумиве скинати низ собава, и што барат телевизорон во дворон????“
Седнавме, напрајвме муабет, и испадна дека ошла в’села к’ј родителите з“ш таткои нешто не бил арен.
Лелелеле да ме земеше некој чоек во моментот со некоја штица по тиква… Васко бе Васко бракот ќе си го расипаше поради она скапана комшивка.
На комшивката и вратив, му фрлив отров на пиперот во бавчата, да скапат и та со си пиперот нејзин!
Дадов отказ во Скопје, сега ќе пробам да сработам нешто во Охрид. Албумите уште ги лепам…ама битно женана тука ми е…
Преземено од: Ohrigani.mkПо струка сум инжињер ама немаше таква работа во Охрид и решив да си работам приватно. 3 години праев фасади до денот

Пронајдете не на следниве мрежи: