Домашни крем банани

Домашни крем банани, а вкусот е скоро како оригиналниот.Состојки:
За смесата:
600гр шеќер
30гр желатин
300мл вода
1 естракт од банана
За прелив:
150гр посно чоколадо
Малку путер
Малку масло
Подготовка:
Шеќерот сварете го во 200мл вода додека не се растопи, 4 до 5 минути. Во 100мл вода растопете го желатинот. Кога шеќерот ќе се растопи, сирупот ставете го во пластичен сад и додадете го растопениот желатин. Смесата матете ја најмалку 15 минути, додека не стане густа. Додадете го естрактот од банана и матете уште малку. Доколку сакате посилен вкус на банана додадете уште од естрактот. Смесата нанесете ја во тавче премачкано со масло.
Кога ќе се излади прелијте со растопеното чоколадо. Потоа исечете на коцки и послужете.Состојки:
За смесата:
600гр шеќер
30гр желатин
300мл вода
1 естракт од банана

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.