Супа со зеленчук полна со хранливи состојки која на вашиот огранизам ќе му пружи се што му е потребно, а истовремено ќе ве ослободи од масните наслаги кои, веројатно, дополнително се таложат во зимските денови. ⬇⬇⬇
Супер храната во оваа супа е полна со влакна, а одредени зачини, како биберот кои помагаат за подобро варење, истовремено поттикнуваат ослободување на токсини од телото.
Сигурна, ефикасна и истовремено хранлива оваа супа е одличен избор за здраво слабеење.
Потребни состојки:
1 компир
3 моркови
1 корен од целер
1 чешне мелен лук
1 црвен кромид
малку сол
половина лажичка црн бибер
малку црвен пипер
1 ловоров лист
400гр пастеризиран домат
маслиново масло
400гр зготвен грашок, како и еден грст магдонос
Сите состојки, освен магдоносот и маслиновото масло, ставете ги на тивок оган и оставете да се готват. Пред крај, кога зеленчукот ќе биде скоро зготвен, додајте го магдоносот и оставете да се вари уште неколку минути.
При сервирањето во секоја чинија додадете лажичка маслиново масло.
Доколку сакате крем супи, по готвењето, одземете малку вода и сите состојки изблендирајте ги.
Пријатно.