Омбре сензуални усни на неколку начини

 
Во случај да немате големи усни, а да посакувате такви, овој мејк – ап тренд е вистинскиот избор за вас. Тајната на омбре сензуалните усни е во начинот на нанесување на карминот.
На краевите од вашите усни внимателно нанесете посилна нијанса на кармин која постепено избледува со вашето движење на четката кон средишниот дел на вашите усни. Со овој трик вашите усни ќе добијат природен волумен и специфичен изглед.
Освен овој трик со четкичката, може да се обидете и со две нијанси на кармин. На горната усна нанесете посветла нијанса на розов кармин, а на долната усна нанесете потемна розова нијанса на кармин или сосема друга боја и повторно ќе добиете поголем волумен на вашите усни.

Ефектот на омбре може да го постигнете во комбинација од три топли нијанси на кармин. Започнете со нежно розова нијанса со која ќе ги обоите врвовите на горната усна, а потоа продолжете со нанесување на темно црвена нијанса на кармин.
Откако внимателно ќе ги нанесете розовиот и црвениот кармин, долната усна обојте ја со цитрусна портокалова нијанса и ќе бидете воодушевени од волуменот и сензуалниот изглед на вашите усните.

Омбре усни може да креирате и сами доколку се одлучите за некоја поедноставна варијанта и секако доколку користите професионален кармин, а доколку сакате професионални омбре усни обратете се кај професионален мејк – ап артист и вашите усни ќе бидат најбакнуваните за ова лето. 
Во случај да немате големи усни, а да посакувате такви, овој мејк – ап тренд е вистинскиот избор

Пронајдете не на следниве мрежи: