Студентите веднаш почнаа да го уништуваат новиот инвентар во студентските домови

Еден месец откако беше пуштен во употрева, новиот лифт во студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ веќе е исшкртан и уништен. Студентите прават штети во реновираните соби и згради во студентските домови, но нема начин како да се открие сторителот бидејќи во лифтот нема камери.Директорката на Државниот студентски дом- Скопје, Даниела Темелкова за „Факултети“ изјави дека ова не е прв случај на направена штета во реновираните студентски домови. Лани двајца студенти биле избркани од „Гоце Делчев“ бидејќи комплетно го оштетиле меблот во нивната соба.
– Блокот во кој беа сместени овие студени со кои постапивме радикално е целосно реновиран со комплетен нов мебел во собите. За жал мебелот во собата беше комплетно оштетен. Беа скинати душеците, оштетена работната маса, вратите, вратичките од плакарот, столчињата. Иако во студентските домови е забрането пушење, студенти сепак пушат внатре. Во „Гоце Делчев“ се вклучија дури и сензорите за чад. Може да замислите колку чад имало за да се вклучат. Во холовите има камери, па ако се направи оштетување таму, може да се докаже и кој е виновникот. За штета во соба си одговараат студенти кои се сместени во истата, имаме потпишано договори со секој од нив – вели Темелкова.
Таа апелира студентите да внимаваат и да ги чуваат собите и студентските домови и да го почитуваат куќниот ред.
Инаку, пред влегување во собите во реновираните делови, сите студенти имале состанок со раководството на кој им се укажало колку е важно да го чуваат инвентарот и студентските домови бидејќи им се дом, а ќе бидат дом и за уште многу други генерации.
Дел од студенските домови во Скопје се реновирани, дел се во фаза на реновирање, но сè уште има делови кои се со мизерни услови за живеење и каде не треба да има сместено студенти.Директорката на Државниот студентски дом- Скопје, Даниела Темелкова за „Факултети“ изјави дека ова не е прв случај на направена штета в

Пронајдете не на следниве мрежи: