Нема да биде изненадување за нас доколку делегацијата на СДСМ ако потврдат присуство за состанокот во Виена побара повторно одложување на изборите. Но, сметаме дека одложувањето на изборите е само одложување на кризата, истакна Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во вестите на ТВ Сител.-Некои политичари, посебно господинот Заев веројатно можат да функционираат само во состојба на криза, бидејќи за време на изборите треба да имате политичка понуда која значи решение на било која криза. Имаме еден класичен пример на можност за споредба што се доби со одлагањето на изборите, беа закажани на 24ти април, тоа беше дел од договорот во Пржино, каде што стои потписот на Заев, но тие инсистираа да се одложат избори за некое кратко време. Ги одложивме изборите од 24ти април за 5ти јуни, иако јас лично имав поразличен став, но го почитувам ставот на тие кои се залагаа за такво нешто, за да се даде на опозицијата сепак една можност да нема изговори.
И ние со одложувањето на изборите, додаде Милошоски, добивме зголемена тензија, повеќе протести, повеќе можности за изблик на меѓусебни конфротации, на политичко ниво, на граѓанско ниво, на медиумско ниво и поголем товар за економијата и за институциите.
Така што секое понатамошно одлагање на изборите ќе значи само продолжување на оваа тензична и напната атмосфера која што не оди во прилог ниту на граѓаните ниту на државата ниту на ефикасноста на нашите институции.-Некои политичари, посебно господинот Заев веројатно можат да функционираат само во состојба на криза, бидејќи за време на изборите треба да имате