Дали пасошите на „Фокус“ се печателе во Фабриката за афери на СДСМ?

Најмалку една од фалсификуваните патни исправи кои се гледаат на снимката од фабрикуваната афера на весникот „Фокус“ поврзано со наводно фалсификување на пасоши е пронајдена во компјутерот на Чауш, наведуваат извори од истрагата.Според извори во истрагата најголем дел од подготовките на пасоши за фалсификување се турски патни исправи. Иако има подготовки за фалсификати и од други земји, сепак доминираат турските. Токму овој податок според истрагата е многу важен и треба детално да се анализира.
Имено, турските пасоши не значат многу во Европа, особено ако се патува кон западот.  Но, ситуацијата е сосема различно доколку се оди кон Блискиот исток.
Најскандалозно во целиот случај е тоа што во компјутерот на Чаушот се пронајдени 70.000 прислушувани телефонски , за што потврда стигна и од Основното обвинителство. Тие биле сместени во посебен фолдер со наслов „Заев СДСМ“. Лидерот на опозицијата никогаш не демантираше дека тој му ги дал снимките на Чауш. Уште позагрижувачки е податокот дека фабриката за афери на СДСМ располагала со личните податоци на 120.000 граѓани и дека може кога сака да ги злоупотребува.
СДСМ уште од стартот на аферата молчи за овој случај. Зоран Заев и Оливер Спасовски кои се посочуваат како луѓе за кои постои сериозен сомнеж дека директно ја раководеле фабриката за афери не одговараат на новинарските прашања.Според извори во истрагата најголем дел од подготовките на пасоши за фалсификување се турски патни исправи. Иако има подготовки за фалсификати и од

Пронајдете не на следниве мрежи: