Заев го крши договорот од Пржино- пробиени роковите за предавање на материјалите

Опозицискиот лидер Зоран Заев директно го крши договорот од Пржино, бидејќи пробиени се сите рокови за предавање на илегално стекнатите прислушкувани материјали.Рокот до кој Заев требаше да ги предаде илегално стекнатите прислушкувани материјали на СЈО Катица Јанева истече на 30- ти ноември. Првиот човек на СДСМ повторно не го испочитува тоа за што претходно дал збор.
Иако законот предвидува рок во кој тој требаше да ги достави материјалите, и рокот истече на 30-ти ноември, Заев не го испочитува договорено и се уште не се охрабил да ги достави материјалите.  Според Законот за заштитата на приватноста кој произлезе од договорите од Пржино, донесен на 9 ноември, сите кои поседуваат материјали имаат обврска да ги достават во рок од 20 дена на надлежен обвинител, а во случајот тоа е специјалната обвинителка.
Заев во едно неодамнешно интервју истакна дека се уште поседува такви материјали и додава дека како што ветиле, сите материјали ќе ги достават до специјалното јавно обвинителство, но тоа не се случи.
– Kако што им ветивме на граѓаните, сите материјали ќе ги доставиме до специјалното јавно обвинителство. Во врска со начинот на предавање на материјалите ќе постапиме според законот, како што ќе побара специјалната обвинителка. Јас им ветив на граѓаните на Македонија и тој збор ќе го одржам. Сите материјали што ги имам ќе ги доставам до специјалното јавно обвинителство – зборува Заев во интервјуто дадено за еден од опозициските портали на 23-ти ноември, една недела пред истекот на рокот.
Од друга страна, СДСМ ги игнорира прашањата на медиумите за тоа дали, како и кога ќе бидат предадени снимките кои се уште се во рацете на Заев.
Тој во неколку наврати потврди дека имаат материјали кои се доверливи, а треба да бидат предадени во специјалното јавно обвинителство, но тоа ќе го сторат кога државата ќе обезбедела соодветни простории за чување на материјалите. Заев рече дека писмо за подготвеност на материјалите неколку дена пред истекување на рокот е доставено до Специјалното јавно обвинителство.
-Мора да бидат обезбедени соодветни услови, а колку што сме информирани во СЈО за да се чуваат тие материјали оти се навистина во најголем процент од доверлива природа. Ние законскиот основ го исполнивме. Кога ќе обезбеди државата соодветни услови за чување на тие материјали, како што е обврска по Законот, најверојатно ќе биде побарано од нас да ги доставиме материјалите. Ние сме подготвени во секој момент, штом ќе биде побарано од нас, да ги доставиме материјалите, рече Заев.
Дури пред неколку дена, Специјалното јавно обвинителство побарало од лидерот на СДСМ доставување на материјалите од незаконски следените комуникации, кои ги поседуваат и за кои изразиле подготвеност дека ќе ги достават на нивно барање.
– Во текот на изминатата недела од страна на јавноста беа барани податоци за воспоставување надлежност за други предмети, како предметите познати во јавноста како „Монструм“, „Диво Насеље“, „Ровер“… За сите овие предмети ќе се произнесеме дополнително, откако ќе бидат прибавени материјалите од незаконски следените комуникации и ќе се пристапи кон нивно преслушување и анализа. Во моментот кога ќе имаме конкретни информации за овие предмети и кога тие и формално ќе бидат побарани со цел донесување одлука за стварна надлежност јавноста ќе биде известена, стоеше во соопштението.
Односот на Заев кон законот и непочитувањето на законските рамки и рокови веќе е дел од неговиот карактер. Иако има законска обврска за тоа, Заев  таа свесно ја крши. Дополнително, со ваквиот однос излегува на површина и дека вредноста на дадениот збор е нула.
Ова е единствената обврска која досега, согласно роковите од Пржино не е исполнета, обврска која е согласно и законот за СЈО. Се преостанато, со помало или со поголемо задоцнување е исполнето, како нов закон за избори, нов закон за влада и заменици, нов состав на ДИК.  После сето ова, Заев и СДСМ не ја почитуваат  единствената нивна обврска од договорот и дополнително делуваат деструктивно во однос на ова прашање.
Познавачите сметаат дека со материјалите Заев ја држи послушноста во неговите редови и на тој начин уценува, се заканува и купува мир, за што повеќе пати во јавноста индиректно го направи и им прати порака на неговите поддржувачи.  Од друга страна се докажува дека освен со илегално стекнатите материјали, Заев не е играч на политичката сцена. Бомбите донесоа грч, успорување на економијата, деструкција.
Заев не е конкурентен на полето програма и проекти, едноставно нив ги нема во политичкото делување на Заев, што воедно покажуваат и последните релевантни анкети кои предвидуваат нов катастрофален пораз на СДСМ во април.
Со договорот од 2 јуни, во член 6, алинеја 3 се вели дека СДСМ по враќањето во Собранието ќе ги предаде материјалите на Јавното обвинителство за итно постапување. Токму оваа реченица не е избришана ниту, пак, е изменета со протоколот од 15 јули, потпишан како и договорот, од страна на сите 4 партии.
Тоа значи дека Заев се обврза на враќање на материјалите со денот на враќањето на пратениците на СДСМ во Собранието на 1 септември. Оттогаш се поминати речиси три месеци. Прашањето кое јавноста го поставува до опoзициската партија е кога ќе ги предадат материјалите до СЈО, бидејќи пробиени се сите законски рокови?Рокот до кој Заев требаше да ги предаде илегално стекнатите прислушкувани материјали на СЈО Катица Јанева истече на 30- ти ноември. Првиот човек на

Пронајдете не на следниве мрежи: