Со минута молчење започна денешната вонредна седница на Советот на Општина Тетово посветена на последиците од вчерашниот голем пожар во градот при што настрадаа Фатиме Зулбеари и нејзините малолетни деца, а беше причинета и поголема материјална штета на три куќи од улицата.Советниците го усвоија Извештајот од командирот на Противпожарната единица Ука Алити околу преземените мерки за справување со огнената стихија, но, како што рече Алити, и покрај сите напори на ангажираните пожарникари и техниката со која располагаат тие иако успеале да го спречат проширувањето на пожарот на околните објекти, за жал не успеале да ги спасат животите на петте членови на семејсвото Зулбеари.
Советниците усвоија одлука со која на семејството Зулбеари им се доделува помош од два милиони денари од резервите на буџетот на oпштина Тетово, а исто така донесоа и одлука со која прогласија тридневна жалост за време на кое нема да се организираат настани од спортот, културата и други јавни настани.
Градоначалничката Теута Арифи потенцираше дека oпштината ќе се обиде да им помогне како на семејството Зулбеари, така и на другите што побрзо да продолжат со нормално живеење на семејството Зулбеари.
– Семејството Зулбеари покрај паричните средства веќе му е обезбедено сместување со помош и на други хумани лица за да им се тргне барем малку од товарот што тие во моментот го чувствуваат, додека за останатите семејства што претрпеа материјална штета во вчерашниот пожар формирана е комисија која во следните денови ќе ги констатира штетите и ќе определи соодветен надомест за тоа – рече Арифи.Советниците го усвоија Извештајот од командирот на Противпожарната единица Ука Алити околу преземените мерки за справување со огнената стихија, но,