Министерката за култура во посета на Прилеп

Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска заедно со градоначалникот Марјан Ристески денеска го посетија Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј- Прилеп каде е завршена реализацијата на основниот проект за ПРЕПОКРИВАЊЕ на административната зграда, археолошка поставка, депоата за икони, археолошки и етнолошки експонати.„Заводот за заштита на спомениците го реализираше проектот за непосредна заштита на административната зграда (поставување термо и хидриозолациона заштита и замена на керамидите) во која е сместена институцијата која ја сочинуваат 5 објекти (депоата со археолошки материјал, зградата каде се наоѓа етнолошкото и историското депо како и зградата во која се сместени канцеларии и депото за големите керамички експонати, административните простории, постојаната археолошка поставка, библиотеката и постојаната етнолошка поставка).
Слободно можам да кажам дека навистина бројни се инвестициите на Владата и Министерството за култура во општина Прилеп“.
Министерката и градоначалникот Марјан Ристески го посетија и манастирот Трескавец каде во тек е обновата на опожарените конаци и изработка и реализација на проектите за црквата, трпезаријата, магерницата, магерничкиот конак и камбанаријата  во манастирот Трескавец. Министерката посочи дека се се одвива според предвидената динамика, а целосната реализација на обновата на опожарените конаци е предвидена за 2018 година.„Заводот за заштита на спомениците го реализираше проектот за непосредна заштита на административната зграда (поставување термо и хидриозолац

Пронајдете не на следниве мрежи: