„Црвена Звезда“ гостува во Кисела Вода – Влезот бесплатен

Реномираната женска кошаркарска екипа ,,Црвена Звезда“ од Белград, вечерва ќе биде гостин на нашиот шампион ЖРК Бадел во рамките на 4-тото коло од ,,Б“ групата во ,,АБА“ лигата. Интересно е, дека, и двете екипи вечерва во спортската сала ,,Независна Македонија“ ќе се борат за својата прва победа во ,,АБА“ лигата. Тренерот на македонскиот шампион од Кисела Вода, Перо Стамески, смета дека натпреварот ќе биде тежок со оглед на фактот што во Кисела Вода доаѓа екипа од држава, која е актуелен европски шампион и држава која е носител на медал од минатите летни олимписки игри: ,,Црвена звезда има млада екипа, со квалитетни и надежни кошаркарки.Тие се веќе во натпреварувачки ритам бидејќи во Србија првенството е почнато, за разлика од нас, чие првенство доцни со почетокот на сезоната. Од тие причини фаворитската улога им ја препуштам на гостите, што не значи дека ние ќе дадеме се од себе за да ја претставиме македонската кошарка во вистинско светло”-меѓу другото истакна тренерот Стамески.
„Наш проблем е константноста во формата, но тоа е разбирливо со оглед на младоста на екипата на Црвена Звезда. Очекувам во Скопје да победиме,,- -гласи изјавата на тренерот на ЖКК Црвена Звезда, Драган Вуковиќ.
Натпреварот се игра вечерва, во спортската сала ,,Независна Македонија“ со почеток во 19.00 часот. Општина Кисела Вода се погрижи влезот да биде слободен за сите љубители на кошарката.Интересно е, дека, и двете екипи вечерва во спортската сала ,,Независна Македонија“ ќе се борат за својата прва победа во ,,АБА“ лигата

Пронајдете не на следниве мрежи: