Промовирана втората асфалтирана улица за жителите од УЗ Света Недела

Педесет семејства во населбата „Дузлачки рид“ добија асфалт на нивната улица. Градоначалникот на општина Штип, прим.м-р Илчо Захариев и жители на населбата свечено ја пуштија во употреба. Захариев вели дека во населбите Света Недела и Дузлачки рид остануваат уште неколку помали слепи улици, кои наскоро ќе се асфалтираат. 
– Овие луѓе навистина имаа големи проблеми, а проблемите беа од комунален карактер. Значи порано немаа водовод, канализација, немаа асфалтирани улици. Овде има многу деца и е млада населба. а изградбата на инфраструктурата беше наш приоритет, вели Захариев.
Инвестицијата во патната инфраструктура во населбите „Света Недела“ и „Дузлачки рид“ изнесува 130.000 евра, а Захариев најави дека деновиве ќе почне асфалтирање и реконструкција на улици во две соседни населби.
– Во овој дел наскоро ќе имаме инвестиции во населбата „Баби“, каде ќе се асфалтираат две клучни улици, тоа се „Мара Минанова“, „Крушевска Република“, а деновиве ќе почне и асфалтирањето на „ 11- ти Конгрес“, со тоа целокупниот дел во населбите „Баби“ и „Дузлак“ завршуваме со асфалтирањето. Во населбата „Сењак“ ќе ја асфалтираме улиицата „Борис Крајгер“, тоа е улицата од Трговскиот центар „Елкос“ до спортската сала „Јордан Мијалков“. Таа улица е многу битна, рече Захариев.
Штипскиот градоначални истакна дека штипјани ги исполнуваат своите обврски кон општината со наплатата на данокот на имот, од кој се градат и улиците низ градот.
– Само за првите три месеци од годината имаме наплатено над 35 проценти од данокот на имот, што треба да го собереме на годишно ниво. Замислете во првото тромесечје. Што покажува тоа? Тоа покажува дека луѓето сфатија дека имаат одговорна локална власт. Сфатија дека парите кои ќе ги уплатат во општинската каса им се враќаат преку инвестиции во нивните населби, посочи Захариев.
  
– Овие луѓе навистина имаа големи проблеми, а проблемите беа од комунален карактер. Значи порано немаа водовод, кана

Пронајдете не на следниве мрежи: