Општина Аеродром и оваа година ќе се придружи кон традиционалното одбележување на Европскиот ден на знамето што ќе се одржи во сабота, 7.5.2016 година, со планинарски марш до Водно, во организација на Европското движење на Република Македонија и Делегацијата на ЕУ, како дел од целокупната програма за одбележување на Денот на Европа.Пред седиштето на ЕУ со почеток во 09:00 часот ќе се изврши размена на знамињата на Република Македонија и на Европската унија со традиционално и симболично значење. Потоа учесниците од седиштето на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија ќе се упатат кон врвот на Водно, каде ќе бидат поставени двете знамиња. Сите учесници на маршот ќе добијат маици со лого на Европската унија и топол чај.
На планинарскиот марш покрај бројни планинари, активисти на Европското движење во Република Македонија, студенти и други граѓани, се очекува да му се приклучат и ученици и наставници од основните училишта во Општина Аеродром.
Минатата година како најиздржливи се покажаа учениците од основните училишта „Годе Делчев“, „Лазо Ангеловски“, Браќа Миладиновци„ и „Димитар Македонски“, кои се искачија до врвот на Водно и присуствуваа на поставувањето на знамињата.
Освен церемонијалниот карактер, оваа манифестација има цел да го афирмира спортот и планинарските рекреативни активности, кои би требало во Република Македонија да бидат значително поразвиени, од тоа што се во овој момент, поради планинскиот карактер на нашата држава.
Ги покануваме на учениците од основните училишта во Општина Аеродром да им се придружат и други граѓани на маршот до врвот на Водно.
Пред седиштето на ЕУ со почеток во 09:00 часот ќе се изврши размена на знамињата на Република Македонија и на Европската унија со традици