Третата манифестација „Велигденска традиција 2016“ денеска се одржа пред платото на Градскиот музеј Крива Паланка.– Манифестацијата има цел да ги зачувува традиционалните вредности поврзани со големиот христијански празник Велигден, кој ги собира семејствата и најблиските во една убава празнична атмосфера, која ја слави победата на животот над смртта. Преку работилниците посветени на обичаите, сакаме на помладите да им ги пренесеме традициите по повод Велигден, учејќи ги да ги почитуваат и да му се радуваат на празникот, изјави Драган Величковски, директор на Градскиот музеј Крива Паланка.
Градоначалникот на Крива Паланка Арсенчо Алексовски рече дека радува фактот што манифестацијата станува се по масовна од година во година.
– Веќе три години со овој настан, во екот на велигденските прослави успеваме да ги собереме на едно место нашите сограѓани и нивните бројни гости за празникот. Годинава, дополнително, нашито град е преполн со туристи, поради совпаѓањето на Велигден и Први мај, а собирот е уште повеќе посетен, потенцира Алексовски.
На „Велигденска традиција 2016“ се одржа избор на најубаво украсено велигденско јајце, најубава рачно изработена декорација со велигденски мотиви и натпревар за најцврсто јајце. Учествуваа ученици од основните училишта во градот и детската градинка „Детелинка“, како и голем број граѓани од сите возрасти.
На штандовите беа изложени и декоративни изработки кои се продаваа по симболични цени, а собраните средства се наменети за хуманитарни цели.
Манифестацијата ја посетија неколку илјади луѓе кои имаа можност да дегустираат солени и слатки велигденски специјалитети приготвени од вештите кривопаланечки домаќинки. Покровител е општина Крива Паланка.– Манифестацијата има цел да ги зачувува традиционалните вредности поврзани со големиот христијански празник Велигден, кој ги собира семејств