Жиката од Прибилци се всели во привремениот дом

Жиката од Прибилци се всели во привремениот дом Во присуство на претставници на општината Демир Хисар, Центарот за социјална работа, општинскиот Црвен Крст, здружението на пензионерите и активисти на невладината „Пријатели на Демир Хисар“, денеска му беа предадени клучевите на младиот демирхисарски бездомник Живко Ѓорѓиовски, познат како Жиката од Прибилци. На чинот на предавањето на клучевите и вселувањето во новиот привремен дом, Црвениот крст му предаде еден пакет облека, а пензионерското здружение му донира прехранбени производи.
Новото привремено престојувалиште на Жиката од Прибилци се наоѓа во напуштената зграда на поранешното женско одделение на Психијатриската болница што е во сопственост на општината и засега ги има основните услови за живеење. Граѓанската невладина организација „Пријатели на Демир Хисар“ што ја започна и водеше кампањата „Топол дом за Жиката“, преку неколку донатори во општината, обезбеди скромна покуќнина, а во тек се активности за обезбедување соодветен електричен приклучок и затоплување на просторијата. Исто така активистите најавуваат дека ќе вложат дополнителен ангажман, во ресторантот на Психијатриската болница, привремено за Жиката да се обезбедат и два дневни оброци, како и користење на други услуги за одржување на личната хигиена и соодветна здравствена заштита. Црвениот крст најави дополнителна помош во облека и постелнина.
Целата кампања соодветно е поддржана и координирана од Центарот за социјална работа од каде што се очекува соодветна поткрепа на кампањата и во смисла на натамошно обезбедување на сите законски услови за згрижување и социјална како и постојан стручен надзор.
Целата кампања се спроведува во координација и со поддршка на градоначалникот на Општина Демир Хисар.Во присуство на претставници на општината Демир Хисар, Центарот за социјална работа, општинскиот Црвен Крст, здружението на пензионерите и акт

Пронајдете не на следниве мрежи: