Времено стопирање на сообраќајот на кружниот тек на улица „Боца Иванова“

Градот Скопје ги известува граѓаните дека од петок, /11.12.2015 година/ до 20.12.2015 година, ќе биде затворен за сообраќајот кружниот тек на улицата Боца Иванова во Бутел.Соообраќајот ќе биде целосно стопиран од 11.12.2015 година, во 08.30 часот наутро и сиот превоз ќе биде пренасочен во наредните 10 дена по улицата Цетинска и подвозникот на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош.
Автобуските линии со броевите 57, 47, 47а, 61, 71, 8 и 61, исто така ќе се пренасочат во посочениот период, по улицата Цетинска и подвозникот на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош.
Стопирањето и пренасочувањето на сообраќајот кај кружниот тек на улицата Боца Иванова се воведува поради изградбата на големата атмосферска канализација кон улицата Александар Урдаревси, и затоа Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат нa времено воведениот сообраќаен режим и воедно се заблагодарува за разбирањето при реализацијата на овој голем инфраструктурен проект од големо значење за целиот реон.Соообраќајот ќе биде целосно стопиран од 11.12.2015 година, во 08.30 часот наутро и сиот превоз ќе биде пренасочен во наредните 10 дена по ули

Пронајдете не на следниве мрежи: