Чист воздух, квалитетно образование и нови комунални зафати – приоритети во буџетот на Центар за 2016.

Буџетот на општина Центар за 2016-та година се подготвува заеднички, со граѓаните на општината. Единствена цел е ефикасно да се одговори на нивните барања, потреби и проблеми. Овој процес ќе придонесе за зголемување на транспарентното работење на општината, во корист на нејзините жители.На втората сесија на граѓанскиот буџетски форум на општина Центар, кој го организираат Центарот на заедницата и општина Центар, отворено се дискутираше за предлозите за нови проекти од граѓаните, кои ќе се реализираат во текот на 2016-та година и се разгледуваа буџетските програми.
Центарци се загрижени за загадениот воздух што го дишат и затоа еден од најголемите приоритети кој тие го бараат е заштита на животната средина, иако, потенцираа, знаат дека на ова поле, општината нема надлежност, но бараат да бидат алармирани надлежните државни и градски институции. Еден од најголемите приоритети за општината и секако, за граѓаните, е основното образование. Одвоени се средства за млади и талентирани ученици, награди за најдобри наставници и првенци на генерацијата.
Општината, а не како досега, родителите, ќе ги плаќа еднодневните екскурзии и обезбедувањето на основните училишта. Граѓаните бараат соодветна социјална заштита и заштита на деца, квалитет на урбанистичко планирање и уредување на градежно земјиште и спорт и рекреација за правилен развој за жителите. Капитален проект е изградбата на новото училиште во “Капштец“, реконструкција на основното училиште “Гоце Делчев“ и подобрување на енергетска ефикасност на училиштата “Димитар Миладинов“, “Св. Кирил и Методиј“ и “Кочо Рацин“.
Во градинките часовите по англиски јазик, физичко воспитување и средствата за одржување хигиена се од буџетот на општината, а не од семејниот буџет на родителите на учениците. Во 2016-та ќе се реконструираат и адаптираат и градинките во општина Центар.
Маџир Маало ќе добие нова инфраструктура и тоа водоснабдување, атмосферска и фекална канализација, нови коловози, тротоари и улично осветлување. Ќе се реконструираат и локалитетите “Долно Водно“ и “Тасино Чешмиче“. Потоа улицата “Ленинова“ (“Аминта Трети“), локалитетот “Пресвета Богородица“ и други улици на кои ќе укажат граѓаните.
Општината останува отворена за сите граѓани, кои своите предлози можат да ги достават до општината.На втората сесија на граѓанскиот буџетски форум на општина Центар, кој го организираат Центарот на заедницата и општина Центар, отворено се дискути

Пронајдете не на следниве мрежи: