четврток, 12 ноември 2026
Најново

Реакција од ВМРО-ДПМНЕ во врска со измислените афери од очајниот СДСМ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Реакција во врска со измислените афери од очајниот СДСМ. Со внимание го следиме обидот на СДСМ во Кавадарци за создавање на манипулации со кои сакаат да го покријат стравот од извесниот пораз во недела.
    На СДСМ нема да му помогнат ниту овие, ниту пак вакви слични лошо режирани сцени кои немаат никаква врска со реалноста и вистината. Тие се прочитани од народот и ниту ваква фабрикувана афера во стилот на претходните на Чаушот не може да им помогне. Тие не можат да избегаат од соочување со народот.
    Ние и нашата коалција немаме никаква потреба од вакви работи бидејќи сме убедени во мудроста на народот и неговата подршка кон татковината. Разликата е голема и за два дена доаѓа денот кога граѓаните ќе го казнат СДСМ за неговата срамна политика.
    Сакаме да потенцираме дека немаме намера да влегуваме во шемите за лаги и конструкции на СДСМ, но истовремено потенцираме дека сме максимално посветени и подготвени да одговориме на секаков обид за нарушување на изборниот процес и загрозување на вољата на граѓаните.   
 Со внимание го следиме обидот на СДСМ во Кавадарци за создавање на манипулации со кои сакаат да го покријат стравот од извесниот пораз во недела.

Поврзани вести