четврток, 12 ноември 2026
Најново

Коневски: Македонците кои си ја сакаат државата и кои ги бранат националните интереси не се грдото лице на Македонија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Интегрален текст од прес конференцијата одржана во Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, при што се обрати Ивица Коневски.Македонците кои си ја сакаат државата и кои ги бранат националните интереси не се грдото лице на Македонија.
Македонците кои не прифаќаат промена на Уставот и кои се противат на воведувањето на двојазичност на целата територија не се грдото лице на Македонија.
Македонците кои не се согласуваат да се доселуваат и вработуваат Албанци во администрацијата во Струмица, Штип, Радовиш, Aеродром, Карпош, Центар и останатите општини и градови само заради обидот на аболицираниот Заев да освои некој глас повеќе, не се грдото лице на Македонија
Грдото лице на Македонија е токму аболицираниот криминалец Зоран Заев. Тој е човекот кој предлагаше виткање на кичмата. Тој е човекот што на маса ги става највисоките национални интереси и заговара промени на Уставот на Република Македонија.
Грдото лице на Македонија е аболицираниот криминалец Зоран Заев кој ги навредува сопствените сограѓани, само за да им се додвори на гласачите Албанци.
Ваквото однесување на аболицираниот криминалец Зоран Заев е срам за државата и за сите оние кои го положија животот за независна Македонија во каква што ние денес живееме. Сега не е време за редефинирање на државата. Сега е време да му се каже збогум на аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговата деструктивна, лицемерна и антидржавна политика.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ бара масовна поддршка од граѓаните на 11-ти декември. Со освојување на 63 пратеници најавите на аболицираниот Зоран Заев за менување на Уставот и воведување на двојазичноста на целата територија ќе останат уште една срамна страница во историјата на СДСМ. Со освојување на 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ Република Македонија нема да се редефинира.
 Македонците кои си ја сакаат државата и кои ги бранат националните интереси не се грдото лице на Македонија.
Македо

Поврзани вести