ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не мрдна со мал прст во времето кога беше на власт за да изгради некоја градинка

Кога станува збор за градинки и опфат на деца од предучилишна возраст фактите и аргументите прават изјавите на Мила Царовска да бидат несериозни па дури и патетични.Граѓаните не им веруваат на манипулациите на СДСМ, затоа што можат да ја видат разликата.
Откако ВМРО-ДПМНЕ ја има поддршката на граѓаните отворени се 54 градинки и во градовите, но и во руралните населби. Патем, во 2006,  опфатот на деца од 0 до 6 години во градинки бил околу 9% а сега е 26%.  Додека пак опфатот на деца од 3 до 6 години бил околу 12% а сега околу 40%. Новите детски градинки отворија и нови 1400 вработување на стручен кадар.
Дополнително со поволностите кои беа овозможени од  Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за поттикнување на отворање на приватни детски градинки, во моментов функционираат 28 приватни детски градинки кои отворија нови 150 работни места.
Во моментов се работи на градинки во Аеродром, Чучер Сандево, Маџари-Гази Баба, Маврово-Ростуше, Новаци, Карпош, Врапчиште.
СДСМ не мрдна со мал прст во времето кога беше на власт за да изгради некоја градинка.
Дури и во периодот кога неспособниот кадар на СДСМ го води ресорот за труд и социјална политика, чиј советник беше и самата Царовска, намерно опструираа отворање на новоизградени градинки. Ова е показателот за негрижата на СДСМ за градинките, родителите и децата.
ВМРО-ДПМНЕ ќе го реализира проектот 140 градинки, исто како што реализираше илјадници други проекти кои ги вети пред граѓаните. Само со овој проект капацитетите за згрижување на деца ќе се зголемат за нови 18.000 деца на државно ниво.
Граѓаните му веруваат на ВМРО-ДПМНЕ и затоа му ја даваат поддршката изминатиот период.
На СДСМ му останува да се дави во сопствената  омраза, деструкциите и лагите кои ги прави. Казната многу брзо ќе ги стаса за ваквото однесување.Граѓаните не им веруваат на манипулациите на СДСМ, затоа што можат да ја видат разликата.
Откако ВМРО-ДПМНЕ ја има поддршката на граѓаните

Пронајдете не на следниве мрежи: