ВМРО-ДПМНЕ: Никој не им верува на излитените лаги од фабриките на Бихаќка

Реакција на прес конференцијата на Дамјан Манчевски 
СДСМ повторно очајно се обидува да ја лаже и манипулира јавноста.
Никој не им верува на излитените лаги од фабриките на Бихаќка во кои треба да се оправда нивното бегство од избори.
На сите им е јасно дека СДСМ се единствените кои жолчно се борeа да ги спречат граѓаните да го искористат своето врвно демократско право на глас.
Сето ова се случува само затоа што СДСМ има мизерен рејтинг и нема ништо да им понуди на граѓаните освен деструкцијата која сите ја гледаат секој ден и фабрикуваните афери од погоните на Чауш и Заев.
ВМРО-ДПМНЕ стоело и сеуште стои зад сите обврски предвидени во договорот од Скопје, чија крајна цел беше одржување на предвремени избори на кои граѓаните би ја довериле довербата на политичката опција која има капацитет да ја изведе Република Македонија од кризата во која што ја втурна СДСМ. Целта на минатогодишниот договор во ниеден случај не беше СДСМ да се дограби до власт без никаков легитимитет од граѓаните и оваа позиција да ја злоупотребува бесконечно , блокирајќи ги реформите и проектите.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во собранието го изгласа законот за формирање на Специјалното јавно Обвинителство и го поддржа буџетот од 4 милиони евра, кој го побара Катица Јанева. Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ јасно кажа дека нема да даде поддршка на непрофесионално, селективно и незаконско работење мотивирано од политички побуди.
ВМРО-ДПМНЕ во целост ги испочитува сите обврски кои произлегуваат од договорот.
СДСМ постојано бега од соочување на избори бидејќи е свесен дека од ден на ден му паѓа малата поддршка кај народот па сака по секоја цена да го одложи десетиот пораз, надевајќи се на чудо.
Но чудата не се случуваат со деструкција и лажење на јавноста, туку со посветена работа која ниту некогаш била ниту сега е одлика на СДСМ. Затоа кога и да е денот кога СДСМ ќе собере храброст да се појави на избори, ќе се соочи со заслужената казна од народот. Поголема од кога и да е досега.
 
  
СДСМ повторно очајно се обидува да ја лаже и манипулира јавноста.
Никој не им верува на излитените лаги

Пронајдете не на следниве мрежи: