ВМРО-ДПМНЕ: Само во март СДСМ доби цели 146.850 секунди за ширење на својата манипулативна пропаганда

Продолжува непринципиелното и неизбалансирано информирање на дел од медиумите кои отстапуваат илјадници секунди и објавуваат стотици написи секој ден во полза на лагите и манипулациите на СДСМ, додека истовремено ги извртуваат ставовите и неаргументирано го напаѓаат ВМРО-ДПМНЕ. 
Тезите произлезени од фабриките за афери на СДСМ беа промовирани во 1082 секунди на централните вести на ТВ Телма, а ТВ 24 Вести на наративот идентичен со тој на СДСМ и на неаргументирано напаѓање на ВМРО-ДПМНЕ посвети 1395 секунди во еден блок на централните вести.
Пропагандата на СДСМ на нивните омилени телевизии беше застапена со вкупно 2.477 секунди во само еден појас на информативни програми и дебати.
Само во месец март СДСМ доби цели 146.850 секунди за ширење на својата манипулативна пропаганда, додека од почетокот на месец април доби 93.556 секунди во истиот програмски појас на овие две телевизии.
Порталите кои граѓаните одамна ги препознаваат како партиски гласила на СДСМ, како што се Фокус, А1Он, Либертас, Плусинфо и другите соросови гласила вчера повторно беа преполни со стотици текстови за промоција на манипулациите на СДСМ и неаргументирано напаѓање на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова е избалансираното новинарство кое го сака СДСМ – илјадници секунди за нивните измислици и лаги секој ден на телевизиите и стотици нарачани текстови на порталите.
СДСМ никогаш не сакал слободни медиуми. СДСМ ги сака само медиумите над кои има целосна контрола.
  
Тезите произлезени од фабриките за афери на СДСМ беа промовирани во 1082 секунди на централните вести на ТВ Телма, а ТВ 24 Вест

Пронајдете не на следниве мрежи: