ВМРО-ДПМНЕ: Хулиганите предводени и поттикнати од СДСМ ја напаѓаа полицијата и каменуваа се што им се најде на патот

Интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ 
Тоа што криминалецот Зоран Заев го најави на Телма во режираното интервју, дивите орди на СДСМ и на Сорос почнаа вечерва да го реализираат по улиците на Скопје.
Без грам совест и грижа за иднината на земјата, злосторникот Зоран Заев јасно кажа дека во Македонија се поставени сериозни темели за украинско сценарио. Истото сценарио кое во меѓусебната комуникација го најавуваа Верушевски и другите креатори.
Исход на сценариото во Украина, досега се десетици илјади мртви и поделена држава. Поделба на Македонија, која што вчера ја побараа партнерите на Зоран Заев од Беса.
Дивите орди инструирани од Заев и Сорос вечерва палеа и кршеа низ Скопје. Хулиганите предводени и поттикнати од СДСМ ја напаѓаа полицијата и каменуваа се што им се најде на патот. Идеите на налудничавиот Зоран Заев резултираа со повредени новинари и десетици искршени прозорци.
Зоран Заев и СДСМ ќе одговараат за анархијата во која што се обидоа да ја втурнат Македонија.
Кога ноторен криминалец говори за правда и борба против криминал, не е ништо друго освен поигрување со разумот на народот.
Кога крадец кој ја претвори Струмица во град каде што работат само неговите семејни фирми зборува за чест, не е ништо друго освен поигрување соразумот на народот.
 Кога неурамнотежен лик како Заев се заканува „живи луѓе ќе јадеме“ и негови орди напаѓаат и демолираат по улици, а тој бара демократија, не е ништо друго освен потценување на народот.
Македонскиот народ никогаш нема да наседне и нема да застане на страна на ваквите криминалци.
  
Тоа што криминалецот Зоран Заев го најави на Телма во режираното интервју, дивите орди на СДСМ и на Сорос почнаа вечерва да го

Пронајдете не на следниве мрежи: