Прес-конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп -Снежана Шубеска

Прес-конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. Прес-конференцијата ја одржа Снежана Шубеска, претседател на Комисија за образование при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. 
ВМРО-ДПМНЕ како многу пати претходно, преку реализација на ветените проекти од програмата која ја понудуваме како партија пред граѓаните, покажа како посветено се работи за доброто на сите граѓани на Република Македонија. Во сиве години на назад принципиелната работа и инвестициите во сите области е она што беше и е наша карактеристика како политичка партија. Образованието и инвестициите во образованието се во највисоките приоритети на ВМРО – ДПМНЕ, вклучуваќи го тука и средното образование.
Еден од најзначајните проекти кој го реализиравме е воведувањето на задолжително средно образование. Значително ја подобривме комуникацијата помеѓу наставниците и родителите преку Електронскиот дневник, каде на родителите им се овозможува брз и едноставен увид на информациите. Дополнително, секој родител добива СМС-известување за оценките, отсуствата и поведението на неговото дете. Оваа услуга ја користат над 210.000 родители и/или старатели која ја добиваат бесплатно еднаш неделно. Воведовме предмет Бизнис и претприемништво како задолжителен во четврта година во гимназиите и средните уметнички училишта, а во трета и четврта година во средните стручни училишта. Од учебната 2014/2015 година во наставата по овој предмет вклучени се и најдобрите претприемачи од земјата, кои на учениците низ практични примери им предаваат на оваа тема. Покрај осовременување на наставната програма во средните стручни училишта, започната е и постапка за набавка на современа наставна опрема за поуспешно спроведување на реформираните програми.
Во учебната 2012/2013 година ја основавме Спортската академија во Скопје, за која, МОН, БРО и Агенцијата за млади и спорт во соработка со спортските федерации подготвија План и програма за настава преку која учениците ќе се оспособат да постигнуваат врвни спортски резултати. Во 2014/2015 година отворени се дисперзирани паралелки на Спортската академија во повеќе градови, меѓу кои и Прилеп, како спортски град од кој излегле спортисти со високи достигнувања.
Досега се отворени и 53 кариерни центри во средните училишта ширум Македонија, за поддршка на учениците при изборот на професија со која ќе конкурираат на пазарот на трудот.
Покрај зголемување на ученичките стипендии за 10%, продолжуваме континуирано да ги наградуваме и мотивираме учениците од јавните и приватните средни училишта, преку доделување на неколку типови на стипендии и тоа: стипендии за талентирани ученици – спортисти, стипендии за талентирани ученици, стипендии за ученици-социјална поддршка; и стипендии за ученици со посебни потреби. Воведовме и нови категории на стипендии за деца без родители и родителска грижа, како и стипендии за ученици од областа на туризмот угостителството и учениците од спортската академија.
Континуирано вложуваме и во целосно подобрување на условите во училиштата, како значаен предуслов за квалитетно образование. Во Средното економско училиште „Кузман Јосифоски Питу” инвестирани се 30 милиони денари. Ова училиште доби нова спортска сала по најсовремени стандарди, инвестиција на Владата вредна 22 милиони денари, во рамките на проектот за изградба на 145 спортски сали. Воедно ве потсетуваме дека ова е третата спортска сала во Прилеп, покрај изградбата на двете спортски сали во СОУ„Ѓорче Петров” и СОУ „Ристе Ристески-Ричко за кои беа издвоени над 60 милиони денари. Во ова училиште инвестирано е во нови надворешни скали, реновирање на санитарни јазли, смена на подови, нови котли, како и во преадаптација на фитнес салата. Како нов и многу значаен проект кој наскоро ќе биде реализиран, е инвестицијата во висина од 137.000 евра која вклучува обнова на зградата и фасадата на училиштето со термоизолација, покривната конструкција и дограмата за штедење на енергијата. Станува збор за проект од областа на енергетската ефикасност и заштита на животната средина, овозможен преку аплицирање на третиот повик од ИПА-програмата за прекугранична соработка со Грција. Тендерската постапка е при крај и очекуваме за многу кратко време да се избере изведувач и да се започне со реализација на овој проект.
Инвестиравме и во останатите средни училишта во градот. Инвестиравме во нова внатрешна и надворешна дограма, нови врати и прозорци, фасади, подови, промена на школски инвентар, топловодно парно греење, реконструкција на санитарни јазли, нова  водоводна и канализациона мрежа, нови библиотеки и реконструкција на спортски сали, инвестиции со кои значително ги подобривме условите во сите средни училишта без исклучок. Но и покрај до сега сработеното, тоа не е се уште доволно. И во наредниот период инвестициите во средните училишта во Прилеп, подобрувањето на условите за учење на учениците, како и условите за работа на наставниот кадар, подобрување на наставната програма ќе бидат наш врвен приоритет.
Издвоивме само дел од сите инвестиции и мерки кои ги реализиравме во средното образование. Посветената работа продолжува и понатаму! Граѓаните ги препознаваат нашите дела и проекти, и јасно застануваат зад истите. Затоа изборите на 5-ти јуни се избори за нови дела и проекти, избори за подобри услови за работа и живот на сите граѓани на Република Македонија!
  
ВМРО-ДПМНЕ како многу пати претходно, преку реализација на ветените проекти од програмата која ја понудуваме како партија пред

Пронајдете не на следниве мрежи: