четврток, 12 ноември 2026
Најново

Петковска: Дури и на членовите на СДСМ им е јасно дека младиот Фрчковски не заслужува плата од парите на граѓаните

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Како што наближуваат изборите, така ескалира криминалното раководење на СДСМ во општина Центар. Најнов во низата скандали е вработувањето на синот на Љубомир Фрчовски, Јон Фрчковски во Паркинзи на Општина Центар, рече денеска Елена Петковска, советник на ВМРО-ДПМНЕ во Општина ЦентарВрв на тоа како СДСМ ја подразбира власта е вработувањето на синот на идеологот на црните сценарија на СДСМ, вели Петковска.
Во продолжени го пренесувамне целиот говор интегрално:
Дури и на членовите на СДСМ им е јасно дека младиот Фрчковски не заслужува плата од парите на граѓаните. Тој е ставен за Оператор на паркинзи само заради заслугите на неговиот татко кој сопствениот народ го навредуваше, омаловажуваше и го нарекуваше со погрдни зборови во своите колумни и јавни обраќања. Тој е вработен само заради тоа што неговиот татко додека беше министер за внатрешни работи толерираше шверц, неразјаснети убиства, атентати и слично.
До каде оди лудилото и криминалното раководење на СДСМ најдобро може да видиме во Општина Центар и јавните претпријатија под раководство на партијата. Паркинзи на општина Центар, претпријатие кое се финансира со пари на граѓаните е типичен пример како СДСМ ја замислува и практицира власта. Во ова јавно претпријатие СДСМ ги згиржува сите оние кои го задолжиле криминалното раководење на партијата. Во ПОЦ од неодамна е вработена и Катерина Иванова Бекири, сопруга на Захир Бекири Чауш, член на СДСМ и близок соработник на Зоран Заев кој го креираше криминалниот проект на СДСМ „Фабриката за афери“.
Очигледно е дека Центар е пример како во пракса се реализира идејата на аболицираниот криминалец Зоран Заев да вработува од чистачка до миснистер, на сметка на професионални и компететни кадри.
Во ПОЦ се вработени и: Александар Цветановски Бабуш – бивш советник во општината од СДСМ, Никола Савовски кој беше кандидант за советник на листата на СДСМ, чиј татко, Ратко Савовски, е раководител на сектор во општината, поранешниот претседател на СДСМ Центар Фјодор Доброхотов, поранешната советничка на СДСМ Кети Штерјова и поранешниот директор на Државна Статистика од СДСМ Данчо Герасимовски. Кој од кој подискутабилен професионалец и некомпететен кадар поминат низ кадровите комисии на партијата.
Впрочем што друго да се очекува од партија која само за неколку месеци успеа да ја девалвира професионалноста и на неколкуте министерства кои ги раководи, како случајот со МВР на Оливер Спасовски и МТСП на Фросина Ременски.
Крајот на овој криминал на СДСМ се ближи. Затоа тие стануваат се понервозни и се обидуваат да протуркаат уште некој грст партиски војници во институциите под нивна контрола. Крајот на ова безобразие на СДСМ народот ќе му стави на 5 јуни, а раководтсвото на СДСМ ќе доживее таква катастрофа која им прилега на нивната деструктивна политика која ја водат цела година на штета на сопствениот народ и сопствената држава.Врв на тоа како СДСМ ја подразбира власта е вработувањето на синот на идеологот на црните сценарија на СДСМ, вели Петковска.
Во продолжени

Поврзани вести