ВМРО-ДПМНЕ до Манчевски: Нема „фантомски“ гласачи, освен ако СДСМ за фантоми не ги смета нивните екс-функционери!

Пукна и последниот балон на СДСМ. Се распрска како меур од сапуница големата лага со која СДСМ две години ги уценуваше граѓаните и ја држеше во заложништво цела држава, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Реакција пратена од ВМРО-ДПМНЕ, која се однесува на изјавата на Дамјан Манчевски
Денес на сите во Република Македонија им е јасна како ден една работа: нема „фантомски“ гласачи, освен ако СДСМ за фантоми не ги смета нивните екс- функционери Јани Макрадули, Гордан Георгиев и Благој Ханџиски, поранешниот претседател на СДММ Дарко Давитковски, сестрата на најпоразуваниот политичар во Македонија Радмила Шекеринска, невладината балерина на СДСМ Мирјана Најчевска, балансираните новинари Ерол Ризаов и Ида Протуѓер, Фиат и Сефер Цаноски, сестрата и внукот на Катица Јанева – Лиле и Ѓорге Делиџакови.
Со ова потонаа и последните лаги на СДСМ кои започнаа уште пред изборите во 2014-та година кои Заев и СДСМ ги прогласија за нерегуларни во 19:01 со изговор дека „фантомски гласачи“ им ја украле победата.
Она што го знаеа и малите деца, денес им се обистини и на најголемите поддржувачи на СДСМ: не постојат фантомски гласачи и за поразите на СДСМ е виновен само СДСМ и никој друг.
Граѓаните 10 години не му даваат на СДСМ да мрдне од опозиција затоа што освен ваквите бесрамни лаги и деструктивните сценарија, СДСМ нема ништо да им понуди на граѓаните.
Наместо да земат и да сработат нешто кое ќе им биде од корист на граѓаните, тие се занимаваат само со нивните фабрики за афери и измислувањето на бесмислици на кои во очи им се смеат сите од Брвеница до ул. Караорман во Битола. Им се смее цела Македонија.
Срамот на СДСМ ќе му стои засекогаш, а десеттиот пораз по ред ќе му биде врачен на 5-ти јуни од страна на граѓаните кои СДСМ ги држеше како заложници и ги манипулираше цело време.Реакција пратена од ВМРО-ДПМНЕ, која се однесува на изјавата на Дамјан Манчевски
Денес на сите во Република Макед

Пронајдете не на следниве мрежи: