Во периодот после 2006 година, конечно земјоделството доби соодветен третман во владините политики, тоа директно се согледува преку повеќекратното зголемување на буџетските трансфери во програмите за директните плаќања (субвенциите) и програмите за рурален развој. Буџетските поддршки остварија позитивни ефекти и ги остваруваат резултатите и целите кои се поставени за поедини сектори. Со субвенции од над 100 милиони евра секоја година резултатите се евидентни.За разлика од порано кога немаше никаква реализација на ИПАРД-програмата сега веќе пристигнуваат и повеќе апликации од она што е на располагање за 2016 и 2017 година или околу 15 милиони евра. Ова зборува за се’ поголемиот интерес и бенефит од користењето на грантовите како во поглед на транспарентноста така и во поедноставување на постапката за подготвување и пополнување на апликациите.
За поздравување е проектот за млади земјоделци кои почнуваат да се занимаваат со земјоделска дејност, односно мерка за стартап-бизниси за луѓе од 18-40 години. Подршката е 10 000 евра како грант за модернизација на веќе постоечко земјоделско стопанство или подигање ново. За разлика од 2012 година кога започна овој проект и имаше 2-3 апликанти, во 2013, 2014, 2015 година интересот беше најголем со одобрени 134 апликации во износ од 1,2 милиони евра за вкупно 170 млади земјоделци.
Преку Програмата за рурален развој, од 2009 година досега се набавени преку 2.200 трактори и повеќе од 7.000 други парчиња земјоделска механизација. Лани беа одобрени 4,5 милиони евра на 930 корисници, а се набавени скоро 500 трактори и уште 1.500 други парчиња опрема.
Сите овие политики придонесоа за зголемување на извозот на примарни земјоделски производи или во 2006 година тој изнесуваше 242 милиони евра за во 2015 да се дуплира и изнесува над 500 милиони евра.
Во земјоделството резултатите не доаѓаат на краток рок , но во некои потсектори видливи се резултати изразени во квантитативни податоци, во некои се достигнати повисоки стандарди, а има сектори каде целта беше да се запрат негативните тенденции и сето тоа се остварува благодарение на буџетската поддршка.
Комисијата за економија и финансии при ВМРО ДПМНЕ ОК Битола ги анализираше овие податоци и ѝ дава целосна поддршка на владината политика во оваа сфера.За разлика од порано кога немаше никаква реализација на ИПАРД-програмата сега веќе пристигнуваат и повеќе апликации од она што е на располагање за